3D Secure безбедност при интернет плаќање
Користете ги картичките на Халкбанк А.Д Скопје при оnline плаќања и чуствувајте се сигурно !
Секојдневното интернет купување и користење на картичките при online трансакции се зголемува, земајќи ја во предвид грижата, безбедноста и сигурноста за нашите клиенти корисници на картички, со задоволство Ве информираме дека Халкбанк А.Д. Скопје го имплементира највисокото ниво на технологија за зголемување на сигурноста и безбедноста при интернет купувањата.
3D Secure протокол станува достапен само за Visa и Mastercard дебитните и кредитните картички издадени од Халкбанк АД Скопје кои се обезбедени со меѓународни сертификати ‘’Verified by Visa’’ и ‘’Mastercard SecureCode‘’.
Кои се придобивките од 3D Secure протокол ?
Со имплементирање на 3D Secure протокол, Visa и Mastercard картичките издадени од Халкбанк А.Д Скопје се со највисок меѓународен стандард за интернет заштита. Воведувањето на динамичниот 3D Secure протокол, секој корисник на картичка издадена од Халкбанк А.Д. Скопје може слободно да се опушти во интернет купувањето затоа што му обезбедува највисоко ниво на интернет заштита.
Карактеристики и функционирање на 3D Secure протокол ?
За секое интернет плаќање со имплементирање на 3D Secure систем се утврдува автентичноста и индентитетот на корисникот на картичката. Се врши дополнително верификување на интернет трансакциите и секој корисник добива СМС порака со еднократна OTP лозинка (one time password ) на неговиот мобилен телефон во моментот на извршување на трансакцијата.
OTP лозинката е потребна за успешно комплетирање на интернет трансакцијата. Се внесува лозинката и потоа се верификува автентичноста на трансакцијата.
За успешно извршување на Вашите трансакции потребно е да го имате ажурирано Вашиот мобилен телефон . Истиот може да го ажурирате во најблиската филијала или да се јавите во Контакт центарот на Халкбанк А.Д Скопје 24/7 на телефонскиот број 02/3296-330
Пример за e-commerce трансакција и како правилно да се внесе OTP лозинката:
*По внес на Вашиот број на картичка за да ја извршите трансакцијата добивате СМС со нумеричка еднократната OTP лозинка пр. ( 123456)
*Доколку плаќањето е со Mastercard картичка
Ја внесувате добиената OTP лозинка и притиснувате на полето
*Доколку плаќањето е со Visa картичка
Кои се предностите за корисниците на дебитните и кредитните картички
Со 3D Secure протоколот сите корисници на Visa и Mastercard картичките издадени од Халкбанк А.Д Скопје го имаат највисокото ниво на заштита при интернет плаќања. Доколку интернет плаќањето се извршува кај трговец кој е 3D Secure certified , корисниците се заштитени од кражба на идентитетот како и злоупотреба на податоците на картичките (број на картичка, датум на важност и CVV2 кодот) .
Сите трговци кои се 3D Secure certified секогаш треба да ги имаат следните ознаки и препорачуваме сите корисници на дебитните и кредитните картички од Халкбанк АД Скопје да ги преферираат интернет продавниците со овие ознаки при интернет плаќање.
Користењето на 3D Secure протокол е бесплатно за сите корисници на дебитни и кредитни картички издадени од Халкбанк А.Д Скопје и на безбеден начин може да извршуваат интернет плаќање насекаде во светот.