Карактеристики
Mastercard Contactless ќе ви го направи денот побрз, но најголемите предности се: некористењето на ПИН код, некористењето на потпис при плаќањето, нема потреба од потврда за трансакцијата при плаќање со овој тип на картичка.
Можност за брзо и лесно БЕСКОНТАКТНО плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактноплаќање.
Со само еден допир на картичката до ПОС терминалот може да се изврши брзо и лесно трансакција.
ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трасанкции до висина на лимитот одреден од Банката (2.000,00 мкд ) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.
Mastercard Contactless кредитните картички немаат ограничување на лимитот во број на плати и Ви даваат можност за користење и пристап до средствата од вашиот револвинг кредитен лимит 24/7.
Наменета е за безготовински плаќања на трговската мрежа и подигање на готовина од банка или банкомат. Картичката е меѓународна, поддржува интернет плаќања без провизија за транакции на домашни и странски интернет страни и за истите добивате е-маил известување за секоја направена трансакција.
Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).
Можете веднаш да аплицирате за кредитна картичка во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје преку следнава Апликација или преку онлине апликацијата.
За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и испратете ја апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје или доставете ни ја на емаил:
help24@halkbank.mk.