Карактеристики

Карактеристики

Visa Business Debit картичката е меѓународна дебитна картичка која може да се користи за плаќање на стоки и услуги (хотелско сместување, патни трошоци) и за подигање на готовина на банкоматите во земјата и во странство.

Со Visa Business Debit ќе можете да вршите секојдневни плаќања на продажни места со ПОС терминали  кои поддржуваат Visa платежни картички  како и на банкоматите кои се означени со Visa лого. Visa Business дебитна картичка може да се користи од страна на сопствениците на компанијата, менаџери, вработени во компанијата овластени од страна на сопственикот. Сметката на картичката е поврзанa со сметка на компанијата во Халкбанк АД Скопје. Сите единечни или дополнителни картички може да бидат поврзани со примарна сметка на компанијата или да се поврзат со други сметки на правни лица отворена за таа намена.

Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Моќе да аплицирате за Visa Business Debit картичка во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д Скопје или онлине преку Апликација.

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и доставете ја апликацијата за СМС инфо до најблискта филијала на Халкбанк А.Д Скопје или доставете ни ја на емаил:  help24@halkbank.mk

Предности

Предности

Чувствувајте се удобно и безбедно и уживајте во поволностите при купувањето и плаќањето во Вашата Visa Business Debit картичка секаде каде е изложено Visa логото

  • Плаќање на ПОС терминали и во земјата и во странство
  • Можност за повлекување готовина од Вашата депозитна сметка
  • Полесно и побезбедно плаќање
  • Олеснување на Вашата секојдневна бизнис рутина: купување, деловни состаноци,  службени патувања, плаќање на патарини, гориво за Вашето службено возило
  • Олеснување за Вашите корисници за дополнителни картички и регулиран дневен лимит за користење
  • Можност за користење на одобрениот дозволен минус  на сметката
  • Располагање на Вашите средства 24/7
  • 24/7 часовна поддршка за корисници насекаде во светот преку ХЕЛП 24 контакт центар help24@halkbank.mk или тел: +389(0)2 3296 330

Провизии

Провизија

Надомест за издавање на основна картичка 150 денари
Надомест за издавање на дополнителна картичка  100 денари
Надомест за реиздавање на основна/дополнитена картичка  50 денари
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка пред истек на рокот (уништена/изгубена) 300 денари
Надомест за итна изработка на картичка  800 денари
Надомест за неоснована рекламација  800 денари
Подигање на готовина на банкомати на Халк Банка 0,2% или мин.120 денари
Подигање на готовина на банкомати на други банки 2% или мин.200 денари
Подигање на готовина на шалтерите на банката Согласно генерална тарифа 
Подигање на готовина на шалтерите на други банки 2% или мин.200 денари
Годишна членарина на основна картичка Првата година без надомест *Секоја наредна 600 денари
Годишна членарина на дополнителна картичка Првата година без надомест *Секоја наредна 200 денари
За направен годишен промет од мин 600.000 денари Без надомест
Блокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24,емаил или писмено Без надомест
Деблокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24, емаил или писмено 200 денари
Сетирање на пин Без надомест
Промена на пин на шалтер 150 денари

Прашања

Често поставувани прашања

Потребна документација за аплицирање за дебитна картичка?

Пополнета апликација за Visa Бизнис  дебитна картичка потпишана од управителот на фирмата и  копија од лична карта и потпис на корисникот на картичката.

Како може да се аплицира за дебитна картичка ?

Со пополнување на апликацијата во најблиската филијала или преку онлине апликацијата за која подоцна ќе бидете контактирани од одговорното лице од Халкбанк А.Д. Скопје.

Колку долго трае процедурата за издавање на картичка?  

Со одобрувањето на барањето, процедурата  за издавање на картичката одзема  2 работни дена за картичката да биде доставена до филијалата од каде  корисникот се одлучил да ја подигне картичката  и за истото ќе биде известен преку СМС.

Што значи дозволен минус и како може да се добие?

Дозволен минус подразбира кредитен лимит на сметката кој Ви е на располагање за трошење. За да аплицирате за дозволен минус, потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје каде ќе мора да се  изврши проверка на Вашата кредитоспособност и ќе можете да ја подигнете потребната документација за аплицирање.

Важност на картичката ?

Валидноста на картичката е 3 години со можност за реиздавање.

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња