Каматни стапки и услови
Целна група: Независни МСП* (Со помалку од 250 вработени на неопределено време)
Износ на кредитот: 5.000 EUR-666.700 ЕУР (износот на проектот не смее да надмине 25 милиони ЕУР)
Рок на отплата: 2-3 години (вклучувајќи и 6 месеци грејс период)
Начин на отплата: еднакви месечни ануитети
Каматна стапка: 5,5%
Надомест за обработка: до 1%
Обезбедување: Комбинација од следните инструменти: меница во форма на нотарски акт; физички лица гаранти; хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети и права, други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.
Сектори исклучени од финансирање:
- Производство и извоз на оружје
- Игри на среќа
- Производство на тутун
- Активности поврзани со експерименти врз живи животни
- Активности кои имаат негативно влијание на екологијата
- Клонирање
- Активности од областа на трговија со недвижности
- Финансиски активности. Како на пример трговија со финансиски инструменти.
*За независни МСП се сметаат следните претпријатија:
- Помалку од 25% од капиталот да и припаѓа на друга компанија;
- 25% или повеќе од капиталот да и припаѓа на друга компанија, но групацијата да вработува помалку од 250 луѓе;
- 25% или повеќе од капиталот да припаѓа на државно тело (вообичаено на општина) и истото да има годишен буџет помал од 10 милиони ЕУР и помалку од 5.000 жители;
- До 50% од капиталот да припаѓа на компании или институции чија задача е да ги промовира МСП согласно исклучоците детализирани во препораките на Комисијата 2003/ЕК од 6 мај.