КАРАКТЕРИСТИКИ
Отворете детски депозит и зголемете ја навиката за штедење на вашето дете. Со дополнителни уплати на депозитот создадете посигурна и среќна иднина за вашето дете. За малиот штедач ќе Ви биде издадена дизајнирана детска штедна книшка и подарок од ХАЛКИ.
- Минимален износ на вложување: 1.000 МКД / 20 ЕУР
- Метод на пресметка на камата: пропорционален метод (28/31-365/366)
- Начин на исплата на камата: на крај на период на орочување
- Тип на каматна стапка: фиксна
- Реорочување: при доспевање депозитот автоматски се реорочува (главница и камата). При реорочување договорот се обновува со фиксна каматна стапка од производот Детско штедње согласно Одлуката за пасивни каматни стапки кои важат во моментот на реорочување.
- Делумно повлекување на средствата: не е дозволено пред истекот на периодот на орочување. При делумна исплата, договорот се раскинува во целост и не се исплаќа камата.
- Дополнителни уплати: може да се вршат дополнителни уплати на депозитот: на шалтерите на банката, со траен налог и преку електронско банкарство на родителот.
- Предвремено раскинување: При предвремено раскинување на депозитот, банката пресметува камата по видување според Одлуката за пасивни каматни стапки која во мометот изнесува 0%.
Потребни документи за отварање на детски депозит се: документ за идентификација (лична карта или пасош) за законскиот застапник - родител или старател и извод од матична книга на родените од детето.
За дополнителни информации обратете се во најблиската филијала/експозитура на банката или контактирајте не на e-mail адресата: deposits@halkbank.mk