Карактеристики

Карактеристики

Visa Classic кредитните картички немаат ограничување на лимитот во број на плати и Ви даваат можност за користење и пристап до средствата од вашиот револвинг кредитен лимит 24/7.

Наменета е за безготовински плаќања на трговската мрежа и подигање на готовина од банка или банкомат. Картичката е меѓународна, поддржува интернет плаќања без провизија за транакции на домашни и странски интернет страни и за истите добивате е-маил известување за секоја направена трансакција.

Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code)

Можете веднаш да аплицирате за кредитна картичка во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје преку следнава Апликација или преку онлине апликацијата.

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и испратете ја апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје или  доставете ни ја на емаил: help24@halkbank.mk

Предности

Предности

  • Без ограничување на лимитот во бројот на плати
  • Плаќање  на минимален долг од 5 %.
  • Плаќање до 60 рати без камата кај над  800 партнери на Банката.
  • Можности за купување со попуст кај одредени партнери на Халкбанк А.Д Скопје.
  • Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Камати и Провизии

Камати и провизии

Каматни стапки:

Надомест за изработка на основна картичка 150 денари
Надомест за изработка на дополнителна картичка 150 денари
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка 100 денари
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка пред истек на рокот (уништена/изгубена) 300 денари
Надомест за итна изработка на картичка  800 денари
Надомест за неоснована рекламација  800 денари
Подигање готовина на банкомати на Халк Банка 3 % мин 200 денари
Подигање готовина на банкомати на други банки 3,5% мин. 250 денари
Подигање готовина на шалтерите на Банката 3,5% мин. 250 денари
Подигање готовина на шалтерите на други банки 3,5% мин. 250 денари
Годишна членарина на основна картичка Бесплатна за првата година,1.200 денари за наредните години
Годишна членарина на дополнителна картичка Бесплатна за првата година, 600 денари  за втората година
Скалеста Членарина  
За направен годишен промет од мин 90.000 денари Без членарина
За направен годишен промет од мин 60.000 денари 600 денари
За направен промет од мин 30.000 денари 800 денари
Надомест за издавање на фактура Без надомест
Надомест за опомена 100 денари
Блокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24,емаил или писмено Без надомест
Деблокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24, емаил или писмено 200 денари
Промена на кредитен лимит 300 денари
Сетирање на пин Без надомест
Промена на пин на шалтер 150 денари
Износ на кредитен лимит Врз основа на кредитни политики
Издавање потврда за кредитна картичка 300 денари

Прашања

Најчесто поставувани прашања

КАКО МОЖЕТЕ ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА КРЕДИТНА КАРТИЧКА?

Потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје каде ќе мора да се направи анализа на вашата кредитоспособност. Во филијалата ќе може да ја подигнете потребната документација за аплицирање или истото може да го направите преку онлине апликацијата.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА?

  • Апликација за кредитна картичка пополнета од корисникот и од работодавачот
  • Извод од трансакциска сметка од последните 3 месеци како потврда за месечни приходи/приливи
  • Копија од важечка лична карта

КАКО МОЖЕТЕ ДА ПЛАЌАТЕ ДОЛГ ПО КРЕДИТНА КАРТИЧКА (АВТОМАТСКИ)?

Може да потпишете траен налог со кој автоматски секој месец ќе ви се одземаат средства од Вашата сметка за подмирување на долгот по кредитната картичка со што заштедувате време.

ДАЛИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО КЛИЕНТОТ МОРА ДА БИДЕ ПРИМАТЕЛ НА ПЛАТА ВО ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ?

Производот е наменет за физички лица со редовни месечни примања- приматели на плата/пензија во Халкбанк АД Скопје и/или клиенти кои ќе ја обезбедат картичката со депозит.

ДАЛИ НА КОРИСНИКОТ НА VISA GOLD КРЕДИТНА КАРТИЧКА ПОТРЕБНО Е ДА МУ БИДЕ ИЗДАДЕНА И ПОЛИСА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА ОД ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ?

Со новоиздадена кредитна картичка Visa Gold на клиентот ќе треба да му се изработи полиса за осигурување од незгода од Халк Осигурување со годишна премија од 600 мкд - за период еднаков на рокот на отплата на Visa Gold картичката. Трошокот за полиса е на страна на Банката и не се задолжува корисникот на кредитната картичка. Полисата се обновува секоја година. За сите претходно издадени Visa Gold кредитни картички од Халкбанка, продолжуваат да важат условите и бенефициите согласно потпишаниот договор од моментот на подигнување на картичката.

КOЛКУ ДОЛГО ТРАЕ ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА НОВА КАРТИЧКА?

Откако ќе се одобри барањето, процедурата за изработка и достава на картичката до соодветната филијала одзема 2 работни дена и за истото ќе добиете известување преку СМС порака.

КАКО МОЖЕ ДА ДОБИЈАМ ФАКТУРА ЗА КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА ПРЕКУ E-MAIL?

Потребно е во некоја од нашите филијали/ експозитури да ја пријавите Вашата е маил адреса на која би сакале да ги добивате месечните извештаи, по што податоците се ажурираат и фактурите ќе Ви бидат доставувани на месечно ниво.

ВАЖНОСТ НА КАРТИЧКАТА?

Валидноста на картичката е 3 години. При редовно користење картичка автоматски се реиздава.

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТАТ БОНУС ПОЕНИТЕ!

Собраните поени искористете ги при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк. 1 бонус поен е еднаков на 1 денар. Бонус програмата важи само за кредитни картички од брендот Mastercard и Visa за физички лица.

 Искористи го својот бонус во 3 кратки чекори (.pdf формат)

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.