Карактеристики

ПЛАЌАЈ ВО ДВИЖЕЊЕ !!!

Mastercard Debit Contactless дебитна картичка наменета за физички лица која е поврзана со Вашата трансакциска сметка и одобрениот минус на истата.

Mastercard Debit Contactless е меѓународна картичка  наменета за безготовински трансакции, која поддржува интернет плаќање и за истите може да добиете е-маил известување за секоја направена трансакција.

Користење на Вашите расположливи средства 24/7

Можност за брзо и лесно БЕСКОНТАКТНО плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање.

 

Пин авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката (750,00  мкд ) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.

Користењето на картичката е без провизија за плаќање во трговската мрежа и без провизија за подигање на готовина од банкоматите на Халкбанк А.Д. Скопје.

Сите приматели на плата/пензија во Халкбанк А.Д. Скопје имаат можност за  подигање готовина од сите банкомати во Р.Македонија без надомест.

 Картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуват највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќање (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Можете да аплицирате за Mastercard Debit Contactless во најблиската филијала/ експозитура на Халкбанк А.Д Скопје или онлине преку нашата Апликација.

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и испратете ја апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк А.Д. Скопје или  доставете ни ја на емаил :  help24@halkbank.mk

 

Предности

ПЛАЌАЈ ВО ДВИЖЕЊЕ !!!

Со користење на Mastercard Debit картичката може слободно да се опуштите и уживаjте во купувањето.

  • Можност за бесконтактни трансакции со само еден допир на картичката на ПОС терминалот каде што е поставено логото за бесконтактни трансакции.

     
  • Сите приматели на плата/пензија во Халкбанк А.Д. Скопје имаат можност за  подигање готовина од сите банкомати во Р.Македонија без надомест.
  • Располагање со Вашите средства 24/7.
  • Можности за купување со попуст кај одредени партнери на Халкбанк А.Д. Скопје.
  • Брзо извршување на трансакции.
  • Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Доколку не сте корисник на Mastercard Debit Contactless картичката може да аплицирате преку онлине апликацијата или во најблсиката филијала/експозитура.

Доколку би сакале да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС порака, Ве молиме пополнете и испратете ја Апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк А.Д. Скопје.

Провизии

MasterCard Debit Contactless
Надомест за изработка на основна картичка за приматели на плата/ пензија во Халкбанк АД Скопје Без надомест
Надомест за изработка на основна картичка за неприматели на плата/ пензија во Халкбанк АД Скопје 300,00 мкд
Надомест за изработка на дополнителна картичка 100,00 мкд
Надомест за реиздавање на основна/дополнителна картичка 100,00 мкд
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка пред истек на рокот (уништена/изгубена) 300,00 мкд
Надомест за итна изработка на картичка  600,00 мкд
Надомест за неоснована рекламација  600,00 мкд
Годишна членарина на Mastercard Debit Contactless за приматели на плата/ пензија во Халкбанк АД Скопје Првата година без надомест
* За годишен промет над 90.000,00мкд без членарина
* За годишен промет под 90.000,00 мкд – 300,00 мкд
Годишна членарина на Mastercard Debit Contactless за неприматели на плата/ пензија во Халкбанк АД Скопје Првата година без надомест *Секоја наредна 300,00 мкд
Подигање готовина на шалтерите на банката Согласно генерална тарифа
Подигање на готовина на шалтерите на други банки 2% мин.120,00 мкд
Подигање на готовина на банкомати на Халкбанк АД Скопје Без надомест
Подигнување на готовина на банкомати од други Банки во Р.Македонија  за приматели на плата/ пензија во Халкбанк АД Скопје  Без надомест
Подигнување на готовина на банкомати од други Банки во Р.Македонија за неприматели на плата/ пензија во Халкбанк АД Скопје 2% мин 120,00 мкд
Подигнување на готовина на банкомати од други Банки во странство 2%  мин. 120,00 мкд
Извештај од сметка на банкомат на Халк Банка АД Скопје Без надомест
Блокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24,емаил или писмено Без надомест
Деблокирање на картичка по барање на клиент преку хелп24, емаил или писмено 200,00 мкд
Сетирање на пин Без надомест
Промена на пин на шалтер 50,00 мкд
Активна камата на пречекорување, казнена камата за пречекорување над дозволеното салдо на сметка, пасивна камара Согласно одлука за каматни стапки

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Во што се состои разликата меѓу дебитна и кредитна картичка? 

Дебитната картичка е поврзана со Вашата трансакциска сметка.  Притоа,  овозможува користење на  расположливите средства на  трансакциската сметка вклучувајќи го и одобрениот дозволен минус. Исто така картичката може да се користи за интернет плаќања.

Кредитна картичка е меѓународна чип револвинг  картичка  наменета за плаќање во продажни места, подигање на готовина на банкомати во земјата и во странство да се корити за интернет плаќање. Револвинг кредитната картичка  е всушност одобрен кредит кој е автоматски обновлив, а кој Банката го одобрува на подносителот на барањето за издавање на кредитна картичка. За искористениот износ расположливиот кредитен лимит се намалува, додека по уплатата на искористениот износ истиот повторно е расположлив за користење на корисникот на кредитната картичка.

Потребна документација за аплицирање за дебитна картичка?

Пополнета апликација за дебитна картичка и копија од лична карта.

Како може да се аплицира за дебитна картичка ?

Со пополнување на апликацијата во најблиската филијала или преку онлине апликацијата за која подоцна ќе бидете контактирани од одговорното лице од Халкбанк А.Д. Скопје.

Колку долго трае процедурата за издавање на картичка?  

Со одобрувањето на барањето процедурата  за издавање на картичката одзема  2 работни дена за картичката да биде доставена до филијалата од каде  корисникот се одлучил да ја подигне картичката  и за истото ќе биде известен преку СМС.

Што значи дозволен минус и како може да се добие?

Дозволен минус подразбира кредитен лимит на трансакциската сметка кој Ви е на располагање за трошење. За да аплицирате за дозволен минус, потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје каде ќе мора да се  изврши проверка на Вашата кредитоспособност и ќе можете да ја подигнете потребната документација за аплицирање.

Важност на картичката ?

Валидноста на картичката е 3 години со можност за реиздавање. 

Аплицирај

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.