Карактеристики

Карактеристики

Златна можност за златна картичка со полиса за осигурување од незгода од Халк Осигурување.

Производот е наменет за физички лица со редовни месечни примања- приматели на плата/пензија во Халкбанк АД Скопје и/или клиенти кои ќе ја обезбедат картичката со депозит.

  • Поголема куповна моќ за клиентот со кредитен лимит до максимум 600.000,00 мкд во зависност од кредитоспособноста.
  • Без ограничување на лимитот во бројот на плати.
  • Можност за подигнување готовина без провизија од банкоматите на Халкбанк АД Скопје
  • Достапност на средствата 24/7 преку АТМ или преку домашната и меѓународната мрежа на ПОС терминали кои овозможуваат плаќање со Visa картички.
  • Со бенефиција полиса за осигурување од незгода од Халк Осигурување со годишна премија од 600 мкд - за период еднаков на рокот на отплата на Visa Gold картичката. Трошокот за полиса е на страна на Банката и не се задолжува корисникот на кредитната картичка. Полисата се обновува секоја година и има неограничено територијално и временско покритие и се осигураат лица до 70 години.

Осигураната сума е дефинирана во полисата:
Ризик смрт од последица на несреќен случај  = 300.000 мкд
Ризик траен инвалидитет = 600.000 мкд

  • Минимален месечен износ за враќање на средства од само 3%, кој понатаму може повторно да се користи.
  • Флексибилна можност за кредитирање.
  • Без жиранти, без административна забрана од плата и трошоци за одобрување.
  • Е-маил известување за секоја направена трансакција на интернет.

* Искористи го својот бонус во 3 кратки чекори (.pdf формат)

Бесконтактната картичка која овозможува извршување на трансакцијата на брз и едноставен начин со само еден допир на картичката на ПОС терминалот

ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции лимитирани до 2.000,00 мкд или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен нa терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.

Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Можете веднаш да аплицирате за кредитна картичка во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје со пополнување на следната Апликација или преку online апликацијата.

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и испратете ја апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје или  доставете ни ја на емаил: help24@halkbank.mk

Предности

Предности

  • Кредитен лимит: До 600.000,00 МКД
  • Месечна минимална отплата на само 3% од искористениот кредит
  • Можност за  подигнување готовина без провизија од банкоматите на Халкбанк АД Скопје
  • Плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на Банката.
  • Собирање бонус поени со Visa Gold  кредитните картички во пре-дефинирани периоди на различни типови продажни места објавени од страна на Банката.
  • Искористи го својот бонус во 3 кратки чекори (.pdf формат)
  • Полиса за осигурување од незгода од Халк Осигурување со годишна премија од 600 мкд - за период еднаков на рокот на отплата на Visa Gold картичката. Трошокот за полиса е на страна на Банката и не се задолжува корисникот на кредитната картичка. Полисата се обновува секоја година
  • 4% поврат со Халкбанк и booking.com
  • Без жиранти, без административна забрана од плата и трошоци за одобрување

Камати и Провизии

Камати и Провизии

Каматна стапка:

Надомест за изработка на основна картичка 150 денари
Надомест за изработка на дополнителна картичка 150 денари
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка 100 денари
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка пред истек на рокот (уништена/изгубена) 300 денари
Надомест за итна изработка на картичка  800 денари
Надомест за неоснована рекламација  800 денари
Подигање готовина на банкомати на Халк Банка Без надомест
Подигање готовина на банкомати на други банки 3,5% мин. 250 денари
Подигање готовина на шалтерите на Банката 3,5% мин. 250 денари
Подигање готовина на шалтерите на други банки 3,5% мин. 250 денари
Годишна членарина на основна картичка Првата година 1.200 денари *Секоја наредна согласно скалеста членарина
Годишна членарина на дополнителна картичка Првата година 900 денари *Секоја наредна согласно скалеста членарина
Скалеста Членарина  
За направен годишен промет од мин 150.000 денари Без членарина
Надомест за издавање на фактура Без надомест
Надомест за опомена 100 денари
Блокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24,емаил или писмено Без надомест
Деблокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24, емаил или писмено 200 денари
Промена на кредитен лимит 300 денари
Сетирање на пин Без надомест
Промена на пин на шалтер 150 денари
Износ на кредитен лимит Врз основа на кредитни политики
Издавање на потврда за кредитна картичка 300 денари

Прашања

Најчесто поставувани прашања

КАКО МОЖЕТЕ ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА КРЕДИТНА КАРТИЧКА?

Потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје каде ќе мора да се направи анализа на вашата кредитоспособност. Во филијалата ќе може да ја подигнете потребната документација за аплицирање или истото може да го направите преку онлине апликацијата.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА?

  • Апликација за кредитна картичка пополнета од корисникот и од работодавачот
  • Извод од трансакциска сметка од последните 3 месеци како потврда за месечни приходи/приливи
  • Копија од важечка лична карта

КАКО МОЖЕТЕ ДА ПЛАЌАТЕ ДОЛГ ПО КРЕДИТНА КАРТИЧКА (АВТОМАТСКИ)?

Може да потпишете траен налог со кој автоматски секој месец ќе ви се одземаат средства од Вашата сметка за подмирување на долгот по кредитната картичка со што заштедувате време.

ДАЛИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО КЛИЕНТОТ МОРА ДА БИДЕ ПРИМАТЕЛ НА ПЛАТА ВО ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ?

Производот е наменет за физички лица со редовни месечни примања- приматели на плата/пензија во Халкбанк АД Скопје и/или клиенти кои ќе ја обезбедат картичката со депозит.

ДАЛИ НА КОРИСНИКОТ НА VISA GOLD КРЕДИТНА КАРТИЧКА ПОТРЕБНО Е ДА МУ БИДЕ ИЗДАДЕНА И ПОЛИСА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА ОД ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ?

Со новоиздадена кредитна картичка Visa Gold на клиентот ќе треба да му се изработи полиса за осигурување од незгода од Халк Осигурување со годишна премија од 600 мкд - за период еднаков на рокот на отплата на Visa Gold картичката. Трошокот за полиса е на страна на Банката и не се задолжува корисникот на кредитната картичка. Полисата се обновува секоја година. За сите претходно издадени Visa Gold кредитни картички од Халкбанка, продолжуваат да важат условите и бенефициите согласно потпишаниот договор од моментот на подигнување на картичката.

КOЛКУ ДОЛГО ТРАЕ ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА НОВА КАРТИЧКА?

Откако ќе се одобри барањето, процедурата за изработка и достава на картичката до соодветната филијала одзема 2 работни дена и за истото ќе добиете известување преку СМС порака.

КАКО МОЖЕ ДА ДОБИЈАМ ФАКТУРА ЗА КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА ПРЕКУ E-MAIL?

Потребно е во некоја од нашите филијали/ експозитури да ја пријавите Вашата е маил адреса на која би сакале да ги добивате месечните извештаи, по што податоците се ажурираат и фактурите ќе Ви бидат доставувани на месечно ниво.

ВАЖНОСТ НА КАРТИЧКАТА?

Валидноста на картичката е 3 години. При редовно користење картичка автоматски се реиздава.

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТАТ БОНУС ПОЕНИТЕ!

Собраните поени искористете ги при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк. 1 бонус поен е еднаков на 1 денар. Бонус програмата важи само за кредитни картички од брендот Mastercard и Visa за физички лица.

 Искористи го својот бонус во 3 кратки чекори (.pdf формат)

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.