За националната економија
Банкарскиот сектор претставува столб на економијата на секоја земја и затоа е од исклучителна важност тој да биде стабилен и добро капитализиран. Македонскиот банкарски сектор е добро капитализиран, а здравата солвентност, позицијата и тенденцијата за зголемување на профитабилноста, водат до стимулирање на кредитната понуда. Кредитната активност на домашните банки е важен фактор за поддршка на потрошувачките и инвестициските одлуки на приватниот сектор.
Халкбанк со перформансите кои ги остварува секоја година, како и со своите кредитни активности насочени кон населението и корпоративниот сектор, дава силна поддршка на банкарскиот и финансискиот сектор, но истовремено и на економијата на Република Северна Македонија. Банката постојано настојува да креира производи по мерка на корисниците, а особено внимание се посветува на создавањето нови производи и услуги, како за корпоративниот сектор, така и за населението, кои ѝ овозможуваат на банката остварување на таргетите за раст преку задржување на одржливо ниво на профитабилност. Притоа, во фокусот на кредитните активности се малите и средни претпријатија како сегмент кој има огромен придонес во развојот на економијата на секоја земја.
Халкбанк и годинава продолжува со исклучителните достигнувања. Нашата актива со вкалкулираниот пораст сега веќе изнесува 1,6 милијарди евра, додека пак во 2023 изнесуваше 1,4 милијарди евра. Нашиот нето профит, заклучно со декември 2023 година изнесува 20,3 милиони евра. Значително беше зголемено и пазарното учество во кредитирањето, а истата растечка тенденција е регистрирана и во делот на депозити. Сето ова го потврдува фактот дека Халкбанк е силен бренд и сигурна и стабилна банка.