Општо

Општо

Успешната соработка меѓу Green for Growth Fund, Југоисточна Европа (GGF) и Халкбанк АД Скопје придонесе за склучување на договор за втор голем кредит во износ од 10 милиони ЕУР.

Кредитот обезбеден од GGF и овозможува на Халкбанк преку своите еко кредитни производи  да обезбеди фиансирање на проектите за енергетска ефикасност (ЕЕ), какви што се   замената на енергетски неефикасните системи за снабдување со топлина и надградувањето на надворешната ѕидна и покривна инсталација, системите за греење и осветлување и останати уреди. Кредитните производи за ЕЕ кои се насочени кон деловните клиенти вклучуваат и замена и/или надградување на енергетски неефикасната производна опрема и останатиот дел од опремата што се користи во текот на производните процеси. Кредитот од GFF, исто така, ќе го олесни и пристапот до кредити во руралните области и ќе овозможи замена и модернизирање на застарената опрема за земјоделство.

За подетална информации може да ја видите следнава брошура.

Услови за кредит

Услови за кредит

Кредитот е наменет за кредитирање на приватни и јавни друштва (правни лица), со позитивни финансиски резултати во тековното работење.

Намена: Финансирање на проекти во доменот на енергетската ефикасност помагајќи им на деловните субјекти во Македонија да го намалат трошењето и издатоците за енергија, како и да го намалат испуштањето на јаглероден диоксид.            

Износ на кредитот:

  • До 500.000 ЕУР за под-заеми на мали и средни претпријатија (МСП), големи бизниси, општини или претпријатија од јавниот сектор за стандардизирани и нестандардизирани мерки;
  • Од 500.000 ЕУР  до 10.000.000 ЕУР за подзаеми за поголеми мали и средни претпријатија (МСП), големи бизниси, општини или претпријатија од јавниот сектор.

Рок на отплата:

  • Не подоцна од 30.11.2024 година со вклучен грејс период од 6 месеци

 Грејс период:

  • До 6 месеци.

Каматна стапка:

  • 5,3% фиксна годишно, за краткорочни кредити
  • 5,3 п.п + 6м ЕУРИБОР годишно, за долгорочни кредити

Доколку шестмесечен ЕУРИБОР е негативен се смета за нула.


Начин на отплата:

  • Месечни ануитети.

Начин на исплата:

  • На сметка на кредитокорисникот со контра налог за пренос на средствата на сметка на добавувачот.

 

Надомест за обработка:

  • 1% од износот на кредитот,еднократно, однапред.

Обезбедување: Комбинација од следните инструменти: Хипотека на недвижен имот, Залог на подвижни предмети и права, Жиранти, Фирми гаранти и други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.

Заштеди: Просечни заштеди од најмалку 20% примарна енергија и/или CO2 во рамките на севкупното портфолио на под-заемот на Заемопримачот со дополнително барање ниту еден поединечен финансиран проект да не постигне помалку од 15% заштеда на  примарна енергија и/или CO2. За проширување на постојни процеси со нова опрема, заштедите можат да се постигнат по единица на производство или преку намалување на користењето на гориво.

За дополнителни информации контактирајте не или посетете ја вашата најблиска филијала/експозитура.

Бидете информирани за

КРЕДИТ СО ДЕПОЗИТ

Земи
Кредит со депозит

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња