Халкбанк АД Скопје е директен учесник на примарните аукции на државни хартии од вредност - ДХВ (државни записи и државни обврзници), во име и за сметка на индиректните учесници (резидеденти и нерезиденти, компании и физички лица). Банката обезбедува логистичка поддршка (консалтинг и оптимално извршување на налозите од клиентите) како активен посредник при тргување на секундарниот-OTC и репо пазарот со споменатите ДХВ, и останатите потенцијални колатеризирани хартии од вредност (корпоративни ХВ и сл.).
Од технички аспект, мандаторен предуслов за тргување со споменатите ХВ на индиректните учесници е отворање на сметка при Централниот депозитар за хартии од вредност.
Во врска со формалните услови поврзани со одредени технички процедури и документи (барање, минимален износ, рокови, инструкции за плаќање, договор и сл.) за тргувањето, ве покануваме директно да ги контактирате нашите вработени од Дирекцијата за управување со средства, ликвидност и тргување.
Корисни линкови: