Gift Card

Карактеристики

Карактеристики

Mastercard Contactless ќе ви го направи денот  побрз,  но најголемите предности се: некористењето на  ПИН код,  некористењето на  потпис при плаќањето, нема потреба од  потврда за трансакцијата при плаќање со овој тип на картичка.

Можност за брзо и лесно БЕСКОНТАКТНО плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактноплаќање.

 

Со само еден допир на картичката до ПОС терминалот може да се изврши брзо и лесно трансакција.

ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трасанкции до висина на лимитот одреден од Банката (2.000,00 мкд ) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.

Mastercard Contactless кредитните картички немаат ограничување на лимитот во број на плати и Ви даваат можност за користење и пристап до средствата од вашиот револвинг кредитен лимит 24/7.

Наменета е за безготовински плаќања на трговската мрежа и подигање на готовина од банка или банкомат. Картичката е меѓународна, поддржува интернет плаќања без провизија за транакции на домашни и странски интернет страни и за истите добивате е-маил известување за секоја направена трансакција.

Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Можете веднаш да аплицирате за кредитна картичка во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје преку следнава Апликација или преку онлине апликацијата.

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и испратете ја апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје или  доставете ни ја на емаил: 
help24@halkbank.mk.

Предности

Предности

  • Без ограничување на лимитот во бројот на плати
  • Плаќање  на минимален долг од 5%.
  • Плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на Банката.
  • ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трасанкции до висина на лимитот одреден од Банката (2.000,00 мкд) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.
  • Можност за бесконтактни трансакции со само еден допир на картичката на ПОС терминалот каде што е поставено логото за бесконтактни трансакции.

  • Можност за брзи бесконтактни трансакции на пос терминали за Халкбанк А.Д. Скопје.
  • За сите заинтересирани, можете веднаш да аплицирате преку достава на Апликација во најблиската филијала/експозитура или преку онлине апликација.
  • Картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).
  • Повлекување готовина без провизија последните седум денови од секој месец од банкоматите на Халкбанк АД Скопје.
  • 10% пониски цени при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување. 
  • Можност за online аплицирање преку Електронско банкарство или Мобилната апликација.

Камати и Провизии

Камати и провизии

Каматни стапки:

Надомест за изработка на основна картичка 200 денари
Надомест за изработка на дополнителна картичка 200 денари
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка 200 денари
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка пред истек на рокот (уништена/изгубена) 300 денари
Надомест за итна изработка на картичка  800 денари
Надомест за неоснована рекламација  800 денари
Подигање готовина на банкомати на Халк Банка 3 % мин 200 денари
Подигање готовина на банкомати на други банки 3,5% мин. 250 денари
Подигање готовина на шалтерите на Банката 3,5% мин. 250 денари
Подигање готовина на шалтерите на други банки 3,5% мин. 250 денари
Годишна членарина на основна картичка Бесплатна за првата година* Секоја наредна година 1.200 денари или согласно скалеста членарина и годишен промет 
Годишна членарина на дополнителна картичка Бесплатна за првата година *Секоја наредна година 900 денари 
Скалеста Членарина за основна картичка   
За направен годишен промет од мин 150.000 денари Без членарина
Надомест за издавање на фактура Без надомест
Надомест за опомена Без надомест
Блокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24,емаил или писмено Без надомест
Деблокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24, емаил или писмено 200 денари
Промена на кредитен лимит 300 денари
Сетирање на пин Без надомест
Промена на пин на шалтер 150 денари
Износ на кредитен лимит Врз основа на кредитни политики
Издавање потврда за кредитна картичка 300 денари

Прашања

Најчесто поставувани прашања

КАКО МОЖЕТЕ ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА КРЕДИТНА КАРТИЧКА?

Потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје каде ќе мора да се направи анализа на вашата кредитоспособност. Во филијалата ќе може да ја подигнете потребната документација за аплицирање или истото може да го направите преку онлине апликацијата.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА?

  • Апликација за кредитна картичка пополнета од корисникот и од работодавачот
  • Извод од трансакциска сметка од последните 3 месеци како потврда за месечни приходи/приливи
  • Копија од важечка лична карта

КАКО МОЖЕТЕ ДА ПЛАЌАТЕ ДОЛГ ПО КРЕДИТНА КАРТИЧКА (АВТОМАТСКИ)?

Може да потпишете траен налог со кој автоматски секој месец ќе ви се одземаат средства од Вашата сметка за подмирување на долгот по кредитната картичка со што заштедувате време.

КOЛКУ ДОЛГО ТРАЕ ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА НОВА КАРТИЧКА?

Откако ќе се одобри барањето, процедурата за изработка и достава на картичката до соодветната филијала одзема 2 работни дена и за истото ќе добиете известување преку СМС порака.

КАКО МОЖЕ ДА ДОБИЈАМ ФАКТУРА ЗА КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА ПРЕКУ E-MAIL?

Потребно е во некоја од нашите филијали/ експозитури да ја пријавите Вашата е маил адреса на која би сакале да ги добивате месечните извештаи, по што податоците се ажурираат и фактурите ќе Ви бидат доставувани на месечно ниво.

ВАЖНОСТ НА КАРТИЧКАТА?

Валидноста на картичката е 3 години. При редовно користење картичка автоматски се реиздава.

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТАТ БОНУС ПОЕНИТЕ!

Собраните поени искористете ги при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк. 1 бонус поен е еднаков на 1 денар. Бонус програмата важи само за кредитни картички од брендот Mastercard и Visa за физички лица.

 Искористи го својот бонус во 3 кратки чекори (.pdf формат)

Аплицирај

×
×

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња