Халкбанк АД Скопје, преку давање на услуги на полето на раководење со парични средства врши олеснување на работењето на корпоративните клиенти, заштеда на нивното време и персонал, ефикасно извршување на дневните трансакции, намалување на грешките кои можат да произлезат од мануелните операции, поедноставување на готовинското работење.
Услуги кои се даваат во рамките на раководењето со парични средства:
- Следење на плаќањата на коминтентите со давање на сугестии за нивно поекономично и порационално извршување
- Собирање на готовина од коминтентите од нивните локации со преземање на безбедносни мерки
- Директна наплата на кредити и други задолжувања преку примена на трајни налози
- Системска можност за наплата на фактури на корпорации (електрична енергија, вода и комуналии, радиодифузна такса, електрична топлина и др.)
- Давање можност за следење на движењето на сметките на корпоративните клиенти, изготвување на електронски изводи и нивно директно проследување до сметководствените одделенија
- Исплата на платите на вработените на нивните трансакциски сметки кај правните лица со испраќање на податоци за платата на вработените