Карактеристики

КАРАКТЕРИСТИКИ

Секогаш во предност !

Visa Platinum ексклузивна дебитна картичка наменета за физички лица која е поврзана со трансакциската сметка.

Прва  Visa Platinum картичка издадена во Р.Македонија, дел од премиум клубот на Халкбанк АД Скопје  

Visa Platinum е меѓународна картичка наменета за безготовински трансакции, која поддржува интернет плаќање и можност за користење на Вашите расположливи средства 24/7.

Можност за бесконтактни трансакции за кои пин авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката (2.000,00 мкд) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.

Користењето на картичката е без провизија за плаќање во трговската мрежа и без провизија за подигање на готовина од банкоматите на Халкбанк А.Д. Скопје и банкоматите во странство.

Со Visa Platinum картичката станувате член на Премиум клубот на Халкбанка.

Visa Platinum издадена од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседува највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќање (3D Secure - Verified by Visa – VbV).

За дебитната картичка Visa Platinum може да аплицирате во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк или онлине преку нашата апликација. За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо може да ја пополните апликација за смс инфо или да ја доставите во најблиската филијала на Халкбанк А.Д Скопје или на емаил: help24@halkbank.mk

Предности

ПРЕДНОСТИ

Секогаш во предност!

Како корисник на Visa Platinum имате можност за користење на предностите и привилегиите во земјата и во странство.

  • Повлекување готовина без надомест во странство 

Можност за користење на над 1,9 милиони банкомати низ светот

  • Станувате дел од Premium Club
  • Безбедни плаќања – Во 10.000.000 продажни места низ светот
    • 3D Secure- Verified by VISA
    • Pаy Wave технологија
  • СМС инфо без надомест

Бидете информирани за секоја трансакција и состојба на сметка

  • Електронско банкарство и М-банкарство – без еднократен надомест за ЛИБ токен и без месечно одржување​

    Планирање и следење на Вашите финансии


    Пристап во повеќе од 1.200 деловни салони низ светот преку апликацијата Visa Airport Companion. Првите две посети во текот на една календарска година се без надомест за имателот на картичката.

    Преку апликацијата Visa Airport Companion може да добиете информација на кои аеродроми може да се искористи пристап во деловните салони.

    Апликацијата можете бесплатно да ја превземете од App Store за iOS уреди или од Play Store за Android уреди. ​

      


    Сите корисници на Visa Platinum дебитната картичка имаат дополнителни привилегии и предности овозможени од Visa.

    *Халкбанк А.Д Скопје не наплаќа провизија за повлекување готовина од АТМ во странство со VISA Platinum дебитна картичка.

    *Доколку банката опслужувач на АТМ наплаќа провизија за услугата, на самиот екран ќе Ви биде прикажана порака пред да се процесира трансакцијата.

    • Бесплатна Fast Track услуга 

      Корисниците на Visa PLATINUM картичките  на Халкбанк А.Д Скопје ќе може да уживаат во новите привилегии на Fast Track сервис на аеродромот во Скопје, кој овозможува побрзо завршување на административните формалности во делот за полетување, кои вклучуваат пасошка контрола и безбедносна проверка. Споменатата поволност можете да ја искористите  два пати  во годината по Ваша желба.

      Брзо лесно и едноставно, уживајте во патувањето!

      Подетални информации на следниот линк

    • Можност за online аплицирање преку Електронско банкарство или Мобилната апликација.

    Провизии

    Провизии

    Надомест за изработка на основна картичка 700 денари
    Надомест за изработка на дополнителна картичка 700 денари
    Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка 200 денари
    Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка пред истек на рокот (уништена/изгубена) 300 денари
    Надомест за итна изработка на картичка  800 денари
    Надомест за неоснована рекламација  800 денари
    Годишна членарина на основна картичка Првата година без надомест *Секоја наредна 700 денари
    Годишна членарина на дополнителна картичка Првата година без надомест *Секоја наредна 700 денари
    Извештај од сметка на банкомат на Халк Банка Без надомест
    Подигање на готовина на банкомат на Халк Банка Без надомест
    Подигање на готовина на банкомати на други банки во Р.М 3% мин. 200 денари
    Подигање на готовина на други банкомати во странство  Без надомест
    Подигање на готовина на шалтерите на Халк Банка Согласно генерална тарифа
    Подигање на готовина на шалтерите на други банки  3% мин. 200 денари
    Блокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24,емаил или писмено Без надомест
    Деблокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24, емаил или писмено 200 денари
    Сетирање на пин  Без надомест
    Промена на пин на шалтер 150 денари
    Активна камата на пречекорување, казнена камата за пречекорување над дозволено салдо на сметка, пасивна камата Согласно одлука за каматни стапки

    Прашања

    Прашања

    Како може да се  аплицира за Visa Platinum картичката?

    Може да аплицирате онлине преку веб страната на Халкбанк или во најблиската филијала да ја поднесете апликацијата.

    Како може да ги користам привилегиите на Премиум клубот со Visa Platinum картичката?

    Премиум клубот претставува уникатна програна на Халкбанк во соработка со своите партнери со цел овозможување поголема вредност. Со прикажување на картичката Visa Platinum Ви се обезбедени дополнителни привилегии и попусти на уникатни продажни места. Потребно е да ја покажете Вашата Visa Platinum пред да побарате фискална сметка.

    Дали со картичката Visa Platinum е овозможен пристап во деловните салони?

    Вашата Visa Platinum картичка потребно е да ја регистрирате на Visa Airport Companion апликацијата​.

    Пристап во повеќе од 1.200 деловни салони низ светот преку апликацијата Visa Airport Companion.

    Како функционира влезот во деловните салони?

    Покажете го вашиот QR код од апликацијата на персоналот во салонот.

    Како да знам кои салони се достапни за престој?

    Во делот „Истражувај“ од апликацијата, можете да ги пребарувате достапните салони со избирање на саканиот аеродром или земја. Почетниот екран вклучува и кратенка до списокот со салони.

    Visa Platinum дебитната картичка е бесконтактна до кој износ може да се направи бесконтактна трансакција?

    ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции лимитирани до 2.000,00 мкд или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен нa терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.

    Важност на картичката?

    Валидноста на картичката е 5 години со можност за реиздавање.

    Зошто во странство ми беше наплатена провизија за повлекување готовина од АТМ со VISA Platinum картичката?

    Како една од карактеристиките на VISA Platinum картичките е можноста за повлекување готовина од АТМ во странство без провизија. За овие трансакции Халкбанк А.Д Скопје не ги задолжува со провизија своите клиенти, но има случаеви каде банката опслужувач на АТМ-от наплаќа провизија за користење на нивниот уред. При повлекување готовина на АТМ во странство доколку се наплаќа провизија од странската банка на самиот екран ќе Ви биде прикажана порака со износот и дека ќе бидете задолжени доколку ја процесирате трансакцијата.

    Ако сакате да го избегнете овој трошок , откажете ја трансакцијата и обидете се на друг АТМ од друга банка опслужувач.

    Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња