Карактеристики

Карактеристики

Фактот дека Халкбанк АД Скопје  ги разбира потребите на компаниите и ги прилагодува своите одлуки според поединечните бизнис потреби е потврдено и со самиот факт за довербата која ја ужива меѓу компаниите во Република  Македонија. Ние секогаш сме подготвени да ги прилагодиме нашите услуги и производи кон секоја компанија поединечно, согласно вашите карактеристики, во насока на максимално искористување на вашите капацитети и потенцијал за работа и развој. 

Ние нудиме финансиска поддршка и совет насочен кон развојот на компаниите со долгорочно финансирање во инвестициски проекти и тоа:• набавка на машини и опрема, возила и проширување на капацитетите;

  • реконструкција на постоечкиoт бизнис капацитет;
  • купување или изградба на деловен простор;
  • рефинансирање на вашите инвестиции од сопствени ресурси, .. итн 

Износот на кредитот, рокот на отплата и динамика, можноста за грејс период се дефинирани во согласност со планираните извори за финансирање, соодветниот тек на готовина (cash-flow) и деловниот план за инвестиции што клиентот ќе го приложи во Банката.

  • Халкбанк АД Скопје при  финансирање  на правни лица, освен сопствени средства  на Банката на своите клиенти им нуди и  кредити од кредитните линиии. Подетални информации за условите можете да добиете на Кредитни линии.

Обезбедување: Комбинација од следните инструменти: меница во форма на нотарски акт; физички лица гаранти; хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети и права, други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.

Предности

Предности

  • Период на отплата на кредити прилагодени, согласно повратот на инвестицијата;
  • Кредит прилагоден на готовинскиот тек на вашата компанија;
  • Можност за долгорочно кредитирање на инвестиции од евтини извори на средства.

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња