Општествено активни, корпоративно одговорни
Како дел од ова општество, Халкбанк создаде вредности кои го унапредуваат секој аспект од општественото живеење. Овие вредностите се базираат на општествените состојби и процеси во социјалниот и културниот живот, кои на секој можен начин се обидуваме да ги поддржиме и да помогнеме во нивното етаблирање на повисоко ниво во општествениот живот.
Дел како наша одговорност и обврска кон заедницата, но многу повеќе како наше верување, филозофија што може да го промени животот, да даде дополнителен квалитет и да отвори нова перспектива, општествената одговорност и ангажиран однос кон заедницата за нас подразбира предизвикување и создавање позитивни промени. Произлезено од ваквото верување создадовме практика на корпоративна одговорност во форма на поддршка на различни културни, образовни и спортски проекти и настани. Заложбата за промоција на овие вредности е во согласност и со нашата корпоративна платформа „Важни се луѓето“, со која на секого му се оддава признание како на важен поединец.
Како најголеми поддржувачи на спортот, влијаеме на ширење на здравите животни навики кои носат добро како за секој поединец, така и на заедницата во целина. Затоа и мобилната апликација HalkEco е во насока на промовирање на спортот и здравиот живот. Соодветно на своите уверувања, Халкбанк се јавува како поддржувач на машката и женската македонската ракометна репрезентација, препознавајќи и признавајќи ги темелите на спортскиот успех, посветеност, натпреварувачки дух и тимска работа.
Освен во делот на спортот, ХалкБанк е голем поддржувач и на културата во земјата бидејќи таа, заедно со спортот, е најдобар амбасадор на секоја земја. Халкбанк низ годините ја дава поддршката на многу настани во филмската уметност, со што го дава својот значаен придонес за развојот на истата. Тука се и низа други културни манифестации чија вредност ја препознаваме и со задоволство ја истакнуваме.
Нашата корпоративна идеологија “Важни се луѓето” е извор за многу наши активности и мотив за дејствување во низа општествени сфери. Во насока на нашата мисија да ги подобриме условите во општеството и животната средина, ги реновиравме мостовите во Градскиот парк и изградивме неколку зелени корнери во повеќе градови. Дополнително, се вклучуваме во разни акциии за помош на социјално загрозени категории .
Нашето внимание останува фокусирано на сите општествени појави и следење на состојбите што нè опкружуваат. Врз основа на ова реагираме, покренуваме иницијативи, организираме пошироки акции и ја градиме нашата општествена одговорност, со цел да помогнеме и да предизвикаме позитивна промена во заедницата или кај поединецот, затоа што за нас навистина, пред се важни се луѓето.