Карактеристики

Карактеристики

Халкбанк АД Скопје како носител на Платниот Промет има развиено брз, ефикасен и квалитетен систем за извршување на платниот промет, како една од основните функции во банкарското работење, со што на своите клиенти им нуди услуга согласно нивните потреби.

Вашите плаќања можете да ги извршите во секоја филијала во Р.Македонија

Ако сакате да заштедите на време и пари направете ги вашите плаќања преку е-банкарство.

Платете ги сметките за комуналии без провизија во филијала или преку е-банкарство или можете да потпишете траен налог и Банката ќе ги извршува вашите плаќања секој месец.

Ако сè уште немате трансакциска сметка посетете ја најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје и бидете член на нашата фамилија.

За повеќе информации посетете ја нашата најблиска филијала или контактирајте не по:

email: platenpromet@halkbank.mk

Предности

Предности

  • Штедете пари и време и плаќајте преку е-банкарство во секое време и од секое место
  • Сите плаќања можете да ги направите преку е-банкарство
  • Најбрз начин за плаќање на сметките за комуналии преку е-банкарство без провизија
  • Плаќајте во Халкбанк АД Скопје со атрактивни провизии и надоместоци
  • Интерните плаќања можете да ги правите и преку банкоматите на Халкбанк
  • Со траен налог или преку е-банкарство можете да ги плаќате и вашиот кредит или кредитна картичка

Термински план

ТЕРМИНСКИ ПЛАН за прием на платни налози

Прием на платни налози во домашен платен промет во хартиена форма со рок на извршување тековен датум преку шалтерите на Халкбанка АД Скопје
  понеделник-петок* Сабота **
КИБС од 08:30 до 14:00 часот /
МИПС (со исклучок на ПП53) од 08:30 до 16:00 часот /
МИПС ПП53 од 08:30 до 15:30 часот /
Интерен клиринг од 08:30 до 20:00 часот од 10:00 до 17:45 часот
Готовински трансакции (уплати и исплати) од 08:30 до 16:15 часот од 10:00 до 17:45 часот
Експозитура Рамстор, Ретаил Поинт Парк и Џевахир, примаат платни налози со нареден работен датум до 17:45

*со исклучок на деновите кои се прогласени за неработни денови

** за експозитури на Банката кои работат во сабота  прием до 17:45

Прием на платни налози во домашен платен промет  со рок на извршување  тековен датум преку системот за електронско банкарство и системот на АД Пошта на Северна Македонија
  понеделник-петок* сабота
КИБС      до 14:20 часот /
МИПС (со исклучок на ПП53)      до 16:20 часот /
МИПС ПП53      до 15:30 часот /
Интерен клиринг      до 20:00 часот  до 20:00 часот
*со исклучок на деновите кои се прогласени за неработни денови

Прием на електронски налози со иден датум на валута  –  20 календарски денови однапред

НАПОМЕНА:

  • Клиентите се должни да го почитуваат терминскиот план за прием на платните налози.
  • Платните налози доставени преку системот за електронско банкарство со валута тековен датум, кои не се извршиле согласно пропишаниот термински план, ќе бидат сторнирани по завршување на терминскиот план.
  • Платните налози доставени до банката преку системот за електронско банкарство и системот на АД Пошта на Северна Македонија, по начин КИБС и МИПС, во саботи или денови кога платните системи за порамнување на трансакции меѓу банките не работат, ќе бидат реализирани првиот нареден работен ден.
  • Банката го задржува правото на измена на терминскиот план

Бидете информирани за

КРЕДИТ СО ДЕПОЗИТ

Земи
Кредит со депозит

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња