Порака од претседателот на надзорниот одбор Осман Арслан

Почитувани,

Халкбанк АД Скопје и во 2023 година уште еднаш ја потврди својата позиција на еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. И во услови на затегната монетарна политика, Банката успеа да понуди производи најконкурентни на пазарот што резултираше со раст како во кредитирањето, така и на депозитната база, раст на активата и секако остварен респектабилен профит.

Секоја криза, претставува можност. За анализирање на одговорите, плановите и процедурите, алатките и средствата и овозможува да се идентификуваат лекциите и да се дадат препораки за подобрувања. Бидејќи и во годината што измина продолжи економската криза, секако со послаб интензитет, тоа ни овозможи да научиме да работиме во услови на променета монетарна политика, со раст на камати, нешто сосема различно од годините претходно. Остварените резултати секако се доказ дека бевме на вистинскиот пат.

Ние сме исклучително благодарни за нашите посветени вработени, членови на тимот, и секако на клиентите и акционерите кои ни ја дадоа довербата. Благодарение на нив, Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка банка со широка мрежа од филијали, банкомати и  активни ПОС-терминали достапни кај бројни трговски партнери и банка која опслужува илјадници граѓани, како и мали, средни и корпоративни претпријатија и јавни институции.

Во 2024 година ќе продолжиме да ги почитуваме принципите кои добро ни служеа низ годините со што и нашата позиција како банка ќе продолжи да биде силна. Ќе продолжиме да ги следиме банкарските трендови и ќе го прошириме опсегот на иновативни производи и услуги со цел да бидеме првата банка што ќе ги спроведе и доближи истите и на македонскиот пазар. Посебно внимание за нас и натаму ќе имаат микро, малите и средните претпријатија кои се многу важни за економијата и кои во нас ќе можат да најдат сигурен партнер; но, и секоја средна и голема компанија кои сме подготвени да ги поддржиме во нивните напори за раст.

Општествената одговорност ќе продолжи да биде еден од нашите приоритети преку поддршка на културата, спортот, образованието, инклузивноста, постарите генерации, ранливите категории и секако екологијата. Ние, како еко-ориентирана компанија, преку разновидните кампањи и голем број спроведени акции и иницијативи, правиме навистина големи напори да дадеме видлив придонес кон подобра, почиста и поздрава средина за сите.  Но и кон поттикнување поголема одговорност кај секој еден чинител во општеството и подигање на свеста за тоа дека сите имаме ист дом – планетата Земја и дека треба да се грижиме за тоа каков дом ќе оставиме на нашите деца и идните генерации. Зачувувањето на шумите, но и на севкупната добросостојба на нашата планета, е нешто што нѐ засега сите и обврска пред која што не смееме да си дозволиме да застанеме, особено кога се работи за нашата локална заедница

Стратешките цели на банката и во наредниот период ќе бидат задржување на позицијата на една од водечките банки во секторот, остварување стабилен раст и одржливо ниво на профитабилност како пат кон одржливо банкарство и општествено одговорна акција за постигнување позелен свет и одржлива иднина.

Оваа година со исто темпо продолжуваме да создаваме вредност за нашите вработени, за нашите акционери и за Северна Македонија со сите наши активности во светлината на нашата мултидимензионална стратегија за одржливост.

Во име на Надзорниот одбор, изразувам голема благодарност до сите оние кои се дел од тимот на Халкбанк.

Со почит,
Осман Арслан, претседател на надзорен одбор на Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња