Општи информации

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Халкбанк АД Скопје нуди наменски станбени кредити со полиса од незгода издадена од Халк Осигурување АД Скопје.

Кредитот можете да го користите за купување на стан, купување на куќа, како и рефинансирање на вашите изложености во други банки по основ на станбен кредит. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

ПРЕДНОСТИ

Станбениот кредит во денари кој го нуди Халкбанк АД е со фиксна каматна стапка за првите 5 години, временскиот рок на отплата е до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Доколку купувате недвижност во тек на градба Банката соработува со следните градежни компании (.pdf документ).

Услови за кредит

УСЛОВИ ЗА КРЕДИТ

  • Износ: до 18.450.000 МКД
  • Максимален рок: 360 месеци
  • Грејс период: до 12 месеци
  • Каматна стапка со плата во Халк Банка АД:
    • 3,5 % фиксна годишна каматна стапка за првите 3 години, 
    • 4,5% фиксна каматна стапка наредните 2 години, 
    • 5 процентни поени + референтната стапка за пресметување на законската каматна стапка која во моментов изнесува 1,25%  (6,25 % номинална годишна)
  • Провизија за обработка на кредитот:1% од износот, еднократно однапред

 (Клиентот склучува Договорот за повеќегодишно осигурување со осигурителното друштво. Осигурeната сума е дефинирана во полисата)

  • Трошоци за кредитот :
    • 450 МКД (надоместот се наплаќа доколку кредитот е одобрен),
    • 150 МКД трошок за апликација,
    • Задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување АД Скопје
      • 1.000 мкд годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот
    • меничен бланкет,
  • Надомест за предвремена отплата на кредит:
    За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата. Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката. Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.
  • Учество: минимум 15% учество
  • Кредитна способност: 1/2 од месечни примања (со можност за кокредитобаратели).
  • Обезбедување: Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.

* 5.61% СВТ за износ на кредит од 3.075.000 мкд, каматна стапка 3,5% фиксна годишна за првите 3години , 4,5% наредни 2 години и 5,00 пп + референтната стапка за пресметување на законската каматна стапка која во моментов изнесува 1,25% (6,25 % номинална годишна) за остаток од период, рок на отплата 360 месеци, трошок за апликација од 150 МКД, трошок за проверка во МКБ 450 МКД и трошок за полиса од незгода 1.000 МКД.

** Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ , висината на договорната каматна стапка и износот на полисата.

 

    Калкулатор


    За дополнителни информации пратете мејл на: naseleniemarketing@halkbank.mk или јавете се на: 02/ 3250-965; 3287-589; 3240-869; 3240-824

    Биди информиран за

    ДЕТСКО
    ШТЕДЕЊЕ

    Штеди за твоите деца

    Земи ја твојата

    КРЕДИТНА КАРТИЧКА

    Ти плаќаш,
    Ние те наградуваме со бонус!

    Оди на

    Е-банкарство

    Прави Банкарски трансакции
    од секаде!

    Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.