Карактеристики

Карактеристики

Mastercard Business Debit е дебитна картичка наменета за правни лица која е поврзана со Вашата сметка.

Mastercard Business Debit е меѓународна картичка наменета за безготовински трансакции на сите ПОС терминали кои имаат означено лого на Mastercard и за подигање на готовина на банкоматите во земјата и во странство.

Дебитна картичка која на секој бизнис корисник му овозможува брзо и лесно плаќање БЕСКОНТАКТНО секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање.

Пин авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката (2.000,00 мкд) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.

Mastercard Business Debit може да се користи од страна на сопствениците на компанијата, менаџери, вработени во компанијата овластени од страна на сопственикот. Сметката на картичката е поврзанa со сметка на компанијата во Халкбанк АД Скопје. Основната  или дополнителните картички може да бидат поврзани со примарната сметка на компанијата или да се поврзат со други сметки на правното лица отворени за таа намена.

Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Моќе да аплицирате за Master Business дебитната картичка во најблиската на Халкбанк А.Д Скопје филијала/експозитура или онлине преку Апликација.

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и доставете  ја апликацијата за СМС инфо до најблискта филијала на Халкбанк А.Д Скопје или доставете ни ја на емаил:  help24@halkbank.mk

Предности

Предности

Со користење на Mastercard Business Debit олеснете си го работењето на Вашиот Бизнис. Брзо и лесно вршете ги сите плаќања насекаде во светот каде е изложено Master логото.

  • Брзо извршување на трансакции
  • Можност за повлекување готовина од Вашата депозитна сметка
  • Можност за бесконтактни трансакции со само еден допир на картичката на ПОС терминалот каде што е поставено логото за бесконтактни трансакции.

  • Олеснување на Вашата секојдневна бизнис рутина: купување, деловни состаноци, службени патувања, плаќање на патарини, гориво за Вашето службено возило
  • Олеснување за Вашите корисници за дополнителни картички и регулиран дневен лимит за користење
  • Можност за користење на одобрениот дозволен минус на сметката
  • Раполагање на Вашите средства 24/7
  • 24/7 часовна поддршка за корисници насекаде во светот преку ХЕЛП 24 контакт центар help24@halkbank.mk или тел: +389(0)2 3296 330

Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Доколку не сте корисник на Mastercard Business Debit картичката може да аплицирате преку апликацијата или во најблсиката филијала/експозитура.

Доколку би сакале да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС порака, Ве молиме пополнете и испратете ја Апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк А.Д. Скопје.

Провизии

Провизии

Надомест за издавање на основна картичка 200 денари
Надомест за издавање на дополнителна картичка  200 денари
Надомест за реиздавање на основна/дополнитена картичка  200 денари
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка пред истек на рокот (уништена/изгубена..) 300 денари
Надомест за итна изработка на картичка  800 денари
Надомест за неоснована рекламација  800 денари
Подигање на готовина на банкомати на Халк Банка 0,2% или мин. 70 денари
Подигање на готовина на банкомати на други банки 2% или мин.200 денари
Подигање на готовина на шалтерите на банката Согласно генерална тарифа
Подигање на готовина на шалтерите на други банки  2% или мин.200 денари
Годишна членарина на основна картичка Првата година без надомест *Секоја наредна 600 денари
Годишна членарина на дополнителна картичка Првата година без надомест *Секоја наредна 200 денари
За направен годишен промет по картичка од мин 600.000 денари Без надомест
Блокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24,емаил или писмено Без надомест
Деблокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24, емаил или писмено 200 денари
Сетирање на пин Без надомест
Промена на пин на шалтер 150 денари

Прашања

Често поставувани прашања

Како може да се аплицира за Mastercard Business Debit?

Може да се аплицира преку апликацијата или да ја посетите најблиската филијала/експозитува  на Халкбанк АД Скопје.

Потребна документација за аплицирање за дебитна картичка?

Пополнета апликација за Mastercard Business дебитна картичка потпишана од управителот на фирмата и  копија од лична карта и потпис на корисникот на картичката.

Колку долго трае процедурата за издавање на картичка?

Кога ќе се одобри барањето процедурата  одзема  2 работни дена за картичката да биде доставена до филијалата од каде  корисникот се одлучил да ја подигне картичката  и за истото ќе биде известен преку СМС порака.

Како да направам бесконтактна трансакција?

Mastercard Business Debit платежната картичка Ви овозможува да извршите бесконтактна трансакција со само доближување на картичката до ПОС терминалот кој има можност за извршување на бесконтактни трансакции.

ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката ( 2.000,00 мкд ) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички. Над износот од 2.000,00 мкд или над лимитот поставен на терминалот  за успешно извршување на трансакцијата клиентот потребно е да го внесе ПИН кодот кој го сетирал на платежната картичка.

Важност на картичката?

Валидноста на картичката е 3 години со можност за реиздавање.

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња