Услови за кредит во ЕУР

Услови за кредит во МКД

Услови за кредит

    • Износ: до 18.450.000 МКД
    • Максимален рок: до 360 месеци
    • Грејс период: до 12 месеци
    • Каматна стапка со плата во Халк Банка АД:
    • Каматна стапка со плата во Халк Банка АД:
    • Провизија за обработка на кредитот: 0% провизија за обработка
    • Учество: минимум 10% или 15% учество во зависност од типот на осигурителната полиса
    • Кредитна способност: до 1/2 од месечни примања (со можност за кокредитобаратели).
    • Трошоци за кредитот:
      • 450 мкд - проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања)
      • 150 мкд - апликација за кредит,
    • Трошок за полиса од незгода издадена од Халк Осигурување АД Скопје – 1.000 мкд годишно,за период еднаков на рокот на отплата на кредитот

    Осигурително покритие:

                                 - Ризик смрт од последица на несреќен случај  = 500.000 мкд

                                 - Ризик траен инвалидитет = 1.000.000 мкд

     

    • Трошок за полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје со можност за еднократна уплата на премија и годишна уплата на премија за животно осигурување (висината на трошокот за полисата е во зависност од тарифата на Триглав Осигурување- живот АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот)

     

    Опции за животно осигурување:

    1. Ризико осигурување на живот на корисници на кредит со еднократна уплата на премија.

     

    • Висината на премијата се утврдува на база на висината на издадениот кредит и возраста на корисникот на кредитот, во согласност со тарифата на осигурувачот Триглав Осигурување Живот АД Скопје .
    • Осигурената сума е еднаква на висината на исплатениот станбен кредит и опаѓа годишно, согласно амортизациониот план на кредитот.
    • На барање на клиентот во полисата може да биде вклучено уште едно лице кое е поврзано со кредитот како гарант / жирант / кокредитобарател.
    • Минимум учество за кредит 10%

     

    1. Осигурување на живот со фиксна осигурена сума во случај на смрт со 30% поврат на платената премија на истек на полисата;

    -      Осигурената сума е еднаква на висината на исплатениот станбен кредит и е фиксна во целовреметраење на кредитот. При доживување и исплата на станбениот кредит, клиентот добива поврат на средства во износ од 30% од уплатената премија.

     

    • Годишно плаќање на премијата ,осигурувањето започнува да важи од првата уплатена рата;
    • Во случај на смрт на осигуреникот, за времетраење на осигурувањето, осигурувачот се обврзува  на Банката да и ја исплати осигурената сума за случај на смрт без разлика на бројот на уплатени рати.
    • Минимум учество за кредит 15%

     

    1. Осигурување на живот со штедење со двојна осигурена сума во случај на смрт за кредити со рок на отплата до 25 години.

    -      Осигурување на живот со штедење со двојна осигурена сума во случај на смрт.Осигурената сума е еднаква на висината на исплатениот станбен кредит,а при доживување и исплата на кредитот,клиентот добива поврат во износ од 50 % од осигурената сума.

     

    • Годишно плаќање на премијата ,осигурувањето започнува да важи од првата уплатена рата;
    • Во случај на смрт на осигуреникот, за времетраење на осигурувањето, осигурувачот се обврзува на Банката да и ја исплати осигурената сума за случај на смрт без разлика на бројот на уплатени рати.
    • Минимум учество за кредит 15%
    • Обезбедување: Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.
    • Надомест за предвремена отплата на кредит:
      За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата. Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката. Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.

     

    *6,76 % СВТ за износ на кредит од 3.075.000 мкд, 4,5% фиксна каматна стапка за првите 3 години и 7,25 % варијабилна годишна каматна стапка но не пониска од 4,5% за остатокот од периодот, рок на отплата 360 месеци, провизија за обработка 0,5% , трошок за апликација од 150 МКД, трошок за проверка во МКБ 450 МКД и трошок за полиса од незгода 1.000 МКД.

    *Во искажаниот пример за СВТ полисата за животно осигурување не е влезена во пресметката

    Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ  , висината на договорната каматна стапка и  износот на полисата за животно осигурување и полисата од незгода..

        Општи информации

        ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

        Халкбанк АД Скопје нуди наменски станбени кредити обезбедени со полиса за  животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје  и  полиса од незгода издадена од Халк Осигурување АД Скопје.

        Кредитот можете да го користите за купување на стан, купување на куќа, како и рефинансирање на вашите изложености во други банки по основ на станбен кредит. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

        ПРЕДНОСТИ

        Станбен кредит во денари, обезбеден со животно осигурување кој го нуди Халкбанк АД е со временски рок на отплата до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

        Станбениот кредит со девизна клаузула во ЕУР кој го нуди Халкбанк АД е со временски рок на отплата до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

        Доколку купувате недвижност во тек на градба Банката соработува со следните градежни компании (.pdf документ).

         

        Калкулатор

        Биди информиран за

        ДЕТСКО
        ШТЕДЕЊЕ

        Штеди за твоите деца

        Земи ја твојата

        КРЕДИТНА КАРТИЧКА

        Ти плаќаш,
        Ние те наградуваме со бонус!

        Оди на

        Е-банкарство

        Прави Банкарски трансакции
        од секаде!

        Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња