Девизна гаранција

Девизна гаранција

Одделението за документарно работење ги опслужува своите клиенти зависно од нивните барања а во согласност со важечката законска регулатива и меѓународната правила.Производите како Инкасо, Акредитив и Девизна гаранција се производи кои ги нуди Халкбанк АД Скопје.

Банката издава девизна гаранција во корист на корисникот на барање на клиентот и ќе се изврши плаќање кога корисникот ќе поднесе барање до Банката во пропишаниот рок и кога условите на гаранција се исполнети. Банкарската гаранција претставува неотповиклива обврска на Банката да плати одредена сума пари во случај на неизвршување на обврските од договорот од страна на налогодавачот. 

Гаранцијата може да се користи како средство во меѓународните плаќања.

При отворењето на гаранцијата од страна на Банката во корист на корисникот се праќаат автентични swift пораки, пораките имаат за цел да ја гарантираат валидноста на пораката како и другите услови во гаранцијата дали се исполнети.

Халкбанк АД Скопје Ви нуди широк спектар на овој тип на инструмент и делува како Ваш партнер со долгогодишно искуство во гаранциите, обезбедувајќи високо професионални светски и наменски решенија.Овој инструмент е меѓународно регулиран со општоприфатените единствени правила за гаранции, (Revision 2010, Publication N.758E issued by ICC in Paris.

Акредитив

Акредитив

Акредитив (L/C) е најбезбеден платен инструмент кој обезбедува максимална заштита на увозникот / купувачот, како и извозникот/продавачот.

Акредитивот е многу флексибилен инструмент за плаќање, нуди различни можности за намалување на ризикот помеѓу партнерите.

Акредитивот може да се приспособува на барањата на договорените страни во зависност на нивните потреби.

Акредитив (L/C) во исто време претставува плаќање и инструмент за обезбедување, кој се користи во меѓународната трговија, преку која Банката, во согласност со барањата и упатствата на својот клиент (увозникот) кој превзема одговорност за плаќање на извозникот преку неговата Банка, врз основа на документација утврдени според акредитивните услови презентирани на неговата Банка во определен рок.

Овој инструмент е меѓународно регулиран со општоприфатените единствени правила за акредитиви, (Revision 2007, Publication 600 issued by ICC in Paris).

Халкбанк АД Скопје нуди широк спектар на различни видови на Акредитиви (L/C) под многу конкурентни тарифи во зависност од понуденото обезбедување од страна на клиентите.

Инкасо

Инкасо

Документите испратени на инкасо (наплата) е добар инструмент за извозниците особено за поморски транспорт земајќи ги предвид карактеристиките на Коносманот – Бродски товарен лист.

Улогата на Банката како неутрален посредник е во примената на условот документите да се ослободат само по направено плаќање. Бидејќи на купувачот му се потребни комерцијалните документи за да ја подигне стоката и стане нејзин сопственик, а продавачот не сака да му ги предаде пред да се направи плаќањето, Банката како посредник ја превзема обврската да се придржува на инструкциите добиени од продавачот во поглед на тоа како и кога да му се ослободат и предадат документите на купувачот.

Документите на инкасо значат купување на документите презентирани со посредство на Банката, од страна на увозникот, што овозможува брзо и ефикасно следење и плаќање на веќе извршениот извоз/увоз на стоката со симултано превземање на потребните документи за натамошно ракување со стоката. Банката како посредник овозможува усогласување на плаќањето и примањето на документите.

За целите на регулативата и усогласеност на ракувањето со документите Меѓународната Трговска комора ја издаде Публикацијата бр. 522, Унифицирани правила за документите на инкасо (URC 522).

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња