Инвестиции / Фиксни средства
Целна група: Независни МСП* (Со помалку од 250 вработени на неопределено време)
Намена:
- Материјални средства (со исклучок на купување на земјиште, освен ако тоа е технички неизбежно за спроведување на проектот)
- Нематеријални средства (на пример, трошоци за истражување и развој)
- Краткорочни обртни средства
Износ на кредитот: 10.000 ЕУР - 3.500.000 ЕУР (износот на проектот не смее да надмине 25 милиони ЕУР)
Рок на отплата: 2-8 години (вклучувајќи и 24 месеци грејс период)
Начин на отплата: Еднакви месечни ануитети
Каматна стапка: 5,5%
Надомест за обработка: до 1,5%
Обезбедување: комбинација од следните инструменти - меница во форма на нотарски акт; физички лица гаранти; хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети и права, други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.
Сектори исклучени од финансирање:
- Производство и извоз на оружје.
- Игри на среќа.
- Производство на тутун.
- Активности поврзани со експерименти врз живи животни.
- Активности кои имаат негативно влијание на екологијата.
- Клонирање.
- Активности од областа на трговија со недвижности.
- Финансиски активности. Како на пример трговија со финансиски инструменти.
*За независни МСП се сметаат следните претпријатија:
- Помалку од 25% од капиталот да и припаѓа на друга компанија;
- 25% или повеќе од капиталот да и припаѓа на друга компанија, но групацијата да вработува помалку од 250 луѓе;
- 25% или повеќе од капиталот да припаѓа на државно тело (вообичаено на општина) и истото да има годишен буџет помал од 10 милиони ЕУР и помалку од 5.000 жители;
- До 50% од капиталот да припаѓа на компании или институции чија задача е да ги промовира МСП согласно исклучоците детализирани во препораките на Комисијата 2003/ЕК од 6 мај.