Карактеристики
Mastercard Business Debit е дебитна картичка наменета за правни лица која е поврзана со Вашата сметка.
Mastercard Business Debit е меѓународна картичка наменета за безготовински трансакции на сите ПОС терминали кои имаат означено лого на Mastercard и за подигање на готовина на банкоматите во земјата и во странство.
Дебитна картичка која на секој бизнис корисник му овозможува брзо и лесно плаќање БЕСКОНТАКТНО секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање.
Пин авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката (2.000,00 мкд) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.
Mastercard Business Debit може да се користи од страна на сопствениците на компанијата, менаџери, вработени во компанијата овластени од страна на сопственикот. Сметката на картичката е поврзанa со сметка на компанијата во Халкбанк АД Скопје. Основната или дополнителните картички може да бидат поврзани со примарната сметка на компанијата или да се поврзат со други сметки на правното лица отворени за таа намена.
Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).
Моќе да аплицирате за Master Business дебитната картичка во најблиската на Халкбанк А.Д Скопје филијала/експозитура или онлине преку Апликација.
За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и доставете ја апликацијата за СМС инфо до најблискта филијала на Халкбанк А.Д Скопје или доставете ни ја на емаил: help24@halkbank.mk