АПЛИКАЦИЈА
Преку апликацијата Garmin Connect може да ги дигитализирате вашите дебитни и/или кредитни картички од брендот Visa и/или Mastercard (Visa Platinum, Visa PayWave Electron, Visa Classic, Visa Gold, Visa Paywave Credit, Mastercard Debit Contactless, Mastercard Contactless, Mastercard World) издадени од Халкбанк АД Скопjе и да го активирате Garmin Pay.
Со успешно дигитализирање на картичките, овозможено ви е извршување на плаќања користејќи го единствено вашиот часовник Garmin.
Преземање на апликација
За успешно да ја регистирате вашата платежна дебитна и/или кредитна картичка во апликацијата Garmin Connect потребно е прво да ја преземете мобилната апликација Garmin Connect од „GooglePlay Store“ за мобилен уред со оперативен систем „Андроид“ или од ‘’App Store’’ за мобилен уред со оперативен систем iOS.
- 1. Инсталирајте ја апликацијата на вашиот мобилен уред
- 2. Одберете ја вашата земја и потребните податоци за регионот
- 3. Внесете ги податоците за вашата платежна картичка (Visa Platinum, Visa PayWave Electron, Visa Classic, Visa Gold, Visa Paywave Credit, Mastercard Debit Contactless, Mastercard Contactless, Mastercard World)
*Ако вашата картичка е предмет на дигитализација, апликацијата ќе ве замоли да се согласите со тековните правила и услови за користење.
Правила и услови GarminPay.
Следете ги чекорите на апликацијата со додавање на деталите за вашата картичка и избирање на ПИН-код што ќе го користите за плаќање со Garmin Pay.
Потврдете ја регистрацијата на картичката со еднократна лозинка испратена до вас преку СМС и почекајте да се активира.
- 4. Откако ќе се активира дигитализираната картичка, таа ќе биде видлива во вашиот дигитален паричник во часовникот Garmin.
Можете лесно да управувате со вашиот дигитален паричник или динамично да управувате со сите ваши картички регистрирани во паричникот, избирајќи дали да ги активирате или деактивирате.
- 5. Можете брзо да пристапите до дигиталниот паричник на вашиот паметен часовник со притискање на главното странично копче или со допир на иконата на екранот.
Првиот пат кога ќе се најавите на дигиталниот паричник во вашиот часовник, од вас ќе биде побарана еднократната 4 цифрена лозинка внесена за време на инсталацијата.
*Внесување на лозинката е потребно при секое повторно користење на часовникот за плаќање по негово одстранување од раката или еднаш во рок од 24 часа додека е на вашата рака.