KfW II
Целна група: Правни лица организирани во форма на 100% приватно друштво, со седиште регистрирано (или во процес на регистрација) во Македонија и ако работат претежно во Македонија, не вработуваат повеќе од 100 лица на денот на кредитното барање, занаетчии и физички лица, индивидуални претприемачи, семејни бизниси, вршители на дејност (кои поседуваат соодветни овластувања) државјани на Македонија. Потребно е барателот на кредит да врши дејност без прекин во период од најмалку шест месеци пред поднесување на кредитното барање. Ако стопанската дејност е или била прекината од лични причини во периодот од трите месеци пред поднесување на кредитното барање, неопходна е деловна евиденција за период од најмалку 6 месеци во периодот од последните 9 месеци пред поднесување на кредитното барање
Квалификувани дејности: Друштва од производствен сектор, вклучувајќи преработка на земјоделски суровини, услужниот сектор или во трговскиот сектор
Намена на кредитот:
- Основни средства (опрема, машини, инсталации, конструкции, земјиште, реновирање и модернизација на работни објекти и производствени погони);
- 10% од вкупната вредност на инвестицијата може да бидат искористени за обртни средства (набавка на суровини, трговска стока и други материјали);
Износ на кредитот: Максимален износ до 300.000,00 ЕУР
Валута
- ЕУР за плаќање во странство
- ЕУР во денарска противвредност пресметана по среден курс кој важи за паритетот ЕУР/МКД котиран на индикативната курсна листа на денот на исплатата за плаќање во земјата
Каматна стапка:
- 5,5% на годишно, за краткорочни кредити
- 5,5 п.п + 6м ЕУРИБОР годишно, за долгорочни кредити
Доколку шестмесечен ЕУРИБОР е негативен се смета за нула.
Надомест за обработка: 1,00% од износот на кредитот
Рок на отплата: Нajдоцна до 30.12.2027, со вклучен грејс период од максимум 12 месеци
Начин на отплата: Месечни ануитети
Обезбедување: Согласно Кредитна политика на Банката, зависно од износот на кредитот
Сектори исклучени од финансирање:
- производство и трговија на оружје или лица инволвирани во производство или трговија на оружје, воена опрема
- производство на алкохол (пијалоци кои надминуваат 22 степени алкохол)
- производство или трговија која вклучува загрозени видови;
- производство на тутун;
- претпријатија или лица инволвирани во дејности со казино, шпекулации со валути, инвестирање и шпекулации со хартии од вредност од било кој вид, или купување и продажба на недвижности за шпекулативни цели.
Ќе избегнуваат финансиски проекти со висок еколошки ризик (прочитај повеќе). Подпроектите кои ќе се финансираат со подзаемите треба да се дизајнираат во согласност со и да бидат консистентни со соодветните еколошки, здравствени сигуроносни стандарди вклучувајќи ги важечките еколошки закони и прописи на Македонија.