Често поставувани прашања
Како може да аплицирам за е-банкарство?
Потребно е да ја посетите најблиската филијала на Халкбанк и да аплицирате за електронско банкарство за физички лица, преку пополнување на формулар.
Формуларот е достапен и на веб страната на Халкбанк АД Скопје, на следниот линк
Од каде можете да го превземете и пополните, а потоа да го доставите лично во најблиската филијала. По аплицирањето во филијала и потпишување на договор, на Вашата регистрирана е-мејл адреса ќе пристигне личен идентификациски број (ЛИБ токен) кој заедно со уште еден податок (број на трансакциска сметка или псевдо број на дебитна или кредитна картичка) можете да го искористите за генерирање на корисничко име и лозинка.
Подетално упатство се наоѓа на следниов линк
Колку изнесува надоместокот за користење на електронско банкарство за физички лица?
Еднократен надомест за ЛИБ токен е 200,00 денари и месечно одржување од 40,00 денари и се наплаќа автоматски од вашата трансакциска сметка.
Каква документација е потребна?
- Барање за користење на електронско банкарство за физички лица.
- Договор за користење на електронско банкарство за физички лица.
Дали е потребен токен?
Не.За користење на сервисот електронско банкарство за физички лица не е потребен токен. За увид во состојбата на Вашите сметки, трансакции, изводи итн., доволни се корисничко име и лозинка. При вршење на трансакции, на Вашиот регистриран мобилен телефон ќе биде испратен авторизациски код во форма на SMS порака, кој ќе треба да го внесете како авторизација при плаќањето.