ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Во што се состои разликата меѓу дебитна и кредитна картичка?
Дебитната картичка е поврзана со Вашата трансакциска сметка. Притоа, овозможува користење на расположливите средства на трансакциската сметка вклучувајќи го и одобрениот дозволен минус. Исто така картичката може да се користи за интернет плаќања.
Кредитна картичка е меѓународна чип револвинг картичка наменета за плаќање во продажни места, подигање на готовина на банкомати во земјата и во странство да се корити за интернет плаќање. Револвинг кредитната картичка е всушност одобрен кредит кој е автоматски обновлив, а кој Банката го одобрува на подносителот на барањето за издавање на кредитна картичка. За искористениот износ расположливиот кредитен лимит се намалува, додека по уплатата на искористениот износ истиот повторно е расположлив за користење на корисникот на кредитната картичка.
Потребна документација за аплицирање за дебитна картичка?
Пополнета апликација за дебитна картичка и копија од лична карта.
Како може да се аплицира за дебитна картичка ?
Со пополнување на апликацијата во најблиската филијала или преку онлине апликацијата за која подоцна ќе бидете контактирани од одговорното лице од Халкбанк А.Д. Скопје.
Колку долго трае процедурата за издавање на картичка?
Со одобрувањето на барањето процедурата за издавање на картичката одзема 2 работни дена за картичката да биде доставена до филијалата од каде корисникот се одлучил да ја подигне картичката и за истото ќе биде известен преку СМС.
Што значи дозволен минус и како може да се добие?
Дозволен минус подразбира кредитен лимит на трансакциската сметка кој Ви е на располагање за трошење. За да аплицирате за дозволен минус, потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје каде ќе мора да се изврши проверка на Вашата кредитоспособност и ќе можете да ја подигнете потребната документација за аплицирање.
Важност на картичката ?
Валидноста на картичката е 3 години со можност за реиздавање.