Карактеристики

Карактеристики

Настојувајќи да се обезбеди висок квалитет на сервисот на Е-банкарство, и да се биде во чекор со модерните трендови, Халкбанк АД Ви нуди огромни поволности во тој дел.

Генерално, сервисот нуди многу повеќе информации за разлика од она што би го добиле доколку посетите банка и тоа на многу едноставен и брз начин. Вашето е-банкарство дозволува  вршење трансакции од било каде. 

Предности

Предности

 Уживајте во поволностите на Електронското банкарство и  менаџирајте најлесно со Вашите сметки

  • Можност за проверка на состојбите на Вашите сметки, кредитни картички, депозити, кредити 
  • Изводи од Вашите сметки 
  • Дневни трансакции
  • Реализирани трансакции за одреден период
  • Сите типови на плаќања - денарски, девизни како и креирање на шаблони 
  • Сите останати работи кои би ги направиле во Банка
  • Превземање на амортизационен план за кредитот во PDF форма
  • Инструкции за извршување на девизни плаќања
  • Можност за проверка на прометот на денарски и девизни депозити

Прашања

Најчесто поставувани прашања

Како може да аплицирам за е-банкарство за правни лица?

Потребно е да ја посетите најблиската филијала на Халкбанк и да аплицирате за електронско банкарство за правни лица, преку пополнување на формулар. Се доставува посебен формулар во кој одбирате најава со ЛИБ, најава со токен или поврзување на КИБС или Телеком сертификат, како и потребни привилегии за секоја сметка и за секоја фирма за кои е потребен пристап. Формуларот е достапен и на веб страната на Халкбанк АД Скопје, на следниот линк

од каде можете да го превземете и пополните, а потоа да го доставите лично во најблиската филијала. Доколку Вие не сте овластено лице во фирмата, потребно е да обезбедите полномошно од овластено лице.  По аплицирањето во филијала и потпишување на договор, ќе Ви биде испратен ЛИБ код на емаил адреса најдоцна до утрешниот ден или ќе Ви биде изработен токен со соодветен ПИН код во текот на неколку работни дена. Подетално упатство се наоѓа на следниов линк

Колку изнесува надоместокот за користење на електронско банкарство за правни лица?

Користењето на услугата електронско банкарство за правни лица подразбира испраќање на ЛИБ код кој чини 1500 МКД и нема рок на важност, изработка на токен кој чини 2000 МКД со рок на важност од 3 години или поврзување на токен издаден од овластен издавач на сертификати (КИБС или Телеком) кое чини 500 МКД.

 Тарифник (.pdf документ)

Каква документација е потребна?

Барање за користење на електронско банкарство за правни лица.

Договор за користење на  електронско банкарство за правни лица.

Потврда за примопредавање на токен (доколку аплицирал за токен).

Дали при најава со ЛИБ можам да ги имам сите привилегии?

Да. При користење на сервисот  електронско банкарство за правни лица можете да ги имате сите привилегии (увид, креирање и плаќање), независно од начинот на најава.

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња