Најчесто поставувани прашања
Како може да аплицирам за е-банкарство за правни лица?
Потребно е да ја посетите најблиската филијала на Халкбанк и да аплицирате за електронско банкарство за правни лица, преку пополнување на формулар. Се доставува посебен формулар со потребните привилегии за секоја сметка и за секоја фирма за кои е потребен пристап. Формуларот е достапен и на веб страната на Халкбанк АД Скопје, на следниот линк
од каде можете да го превземете и пополните, а потоа да го доставите лично во најблиската филијала. Доколку Вие не сте овластено лице во фирмата, потребно е да обезбедите полномошно од овластено лице. По аплицирањето во филијала и потпишување на договор, ќе Ви биде изработен токен со соодветен ПИН код во текот на неколку работни дена. Подетално упатство се наоѓа на следниов линк
Колку изнесува надоместокот за користење на електронско банкарство за правни лица?
Користењето на услугата електронско банкарство за правни лица подразбира изработка на токен кој чини 1500 МКД со време на важност од 3 години. Доколку поседувате токен издаден од овластен издавач на сертификати (КИБС или Телеком) неговото поврзување е 500 МКД.
Тарифник (.pdf документ)
Каква документација е потребна?
Барање за користење на електронско банкарство за правни лица.
Договор за користење на електронско банкарство за правни лица.
Потврда за примопредавање на токен.
Дали е потребен токен?
Да. За користење на сервисот електронско банкарство за правни лица потребен е токен, без разлика на типот на привилегии (увид, креирање на налози. потпишување на налози ...).