Прашања
Како може да се аплицира за Visa Platinum картичката?
Може да аплицирате онлине преку веб страната на Халкбанк или во најблиската филијала да ја поднесете апликацијата.
Како може да ги користам привилегиите на Премиум клубот со Visa Platinum картичката?
Премиум клубот претставува уникатна програна на Халкбанк во соработка со своите партнери со цел овозможување поголема вредност. Со прикажување на картичката Visa Platinum Ви се обезбедени дополнителни привилегии и попусти на уникатни продажни места. Потребно е да ја покажете Вашата Visa Platinum пред да побарате фискална сметка.
Дали со картичката Visa Platinum е овозможен Lounge Key пристап?
Со самото врачување на картичката на клиентот му е овозможен Lounge Key пристап Повеќе информации кои аеродроми се вклучени во програмата и условите за користење погледнете на следниот линк:
https://www.loungekey.com/visacisseeloungeprogram
Халкбанк АД Скопје на своите корисници на Visa Platinum им овозможува пристап во Lounge Key аеродромските ресторани, додека трошокот за посета во Lounge Key е на страна на корисникот.
Visa Platinum дебитната картичка е бесконтактна до кој износ може да се направи бесконтактна трансакција?
ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции лимитирани до 2.000,00 мкд или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен нa терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.
Важност на картичката?
Валидноста на картичката е 3 години со можност за реиздавање.
Зошто во странство ми беше наплатена провизија за повлекување готовина од АТМ со VISA Platinum картичката?
Како една од карактеристиките на VISA Platinum картичките е можноста за повлекување готовина од АТМ во странство без провизија. За овие трансакции Халкбанк А.Д Скопје не ги задолжува со провизија своите клиенти, но има случаеви каде банката опслужувач на АТМ-от наплаќа провизија за користење на нивниот уред. При повлекување готовина на АТМ во странство доколку се наплаќа провизија од странската банка на самиот екран ќе Ви биде прикажана порака со износот и дека ќе бидете задолжени доколку ја процесирате трансакцијата.
Ако сакате да го избегнете овој трошок , откажете ја трансакцијата и обидете се на друг АТМ од друга банка опслужувач.