Општо

Општо

Благодарение на долгогодишната успешна соработка со Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) во моментов Халкбанк АД Скопје користи две кредитни линии за финансирање на мали и средни претпријатија регистрирани во Р.Македонија.

Моментално се активни кредитната линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) - 100.000.000 ЕУР и KFW. Со помош на овие линии продолжуваме со поддршката на малите и средните претпријатија и корпоративни клиенти во нивниот развој и раст со ниски и конкурентни каматни стапки.

Каматни стапки и услови

Каматни стапки и услови

Целна група: Независни МСП* (Со помалку од 250 вработени на неопределено време)

Износ на кредитот: 5.000 EUR-666.700 ЕУР (износот на проектот не смее да надмине 25 милиони ЕУР)

Рок на отплата: 2-3 години (вклучувајќи и 6 месеци грејс период)

Начин на отплата: еднакви месечни ануитети

Каматна стапка: 5,5%

Надомест за обработка: до 1%

Обезбедување: Комбинација од следните инструменти: меница во форма на нотарски акт; физички лица гаранти; хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети и права, други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.

Сектори исклучени од финансирање: 

  • Производство и извоз на оружје
  • Игри на среќа
  • Производство на тутун
  • Активности поврзани со експерименти врз живи животни
  • Активности кои имаат негативно влијание на екологијата
  • Клонирање
  • Активности од областа на трговија со недвижности
  • Финансиски активности. Како на пример трговија со финансиски инструменти. 

*За независни МСП се сметаат следните претпријатија:

  • Помалку од 25% од капиталот да и припаѓа на друга компанија;
  • 25% или повеќе од капиталот да и припаѓа на друга компанија, но групацијата да вработува помалку од 250 луѓе;
  • 25% или повеќе од капиталот да припаѓа на државно тело (вообичаено на општина) и истото да има годишен буџет помал од 10 милиони ЕУР и помалку од 5.000 жители;
  • До 50% од капиталот да  припаѓа на компании или институции чија задача е да ги промовира МСП согласно исклучоците детализирани во препораките на Комисијата 2003/ЕК од 6 мај.

Бидете информирани за

КРЕДИТ СО ДЕПОЗИТ

Земи
Кредит со депозит

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња