Карактеристики

Карактеристики

Бидете свој личен банкар и користете ги банкоматите на Халкбанк АД Скопје за да си го поедноставите животот и да заштедите време.

Повеќе не е потребно да чекате позади жолтата линија во банка. Самите си одлучувате  каде сакате да ги трансферирате вашите средства. Вашите трансакции се многу побрзи и се реализираат веднаш.

 Листа на банкомати 

Предности

Предности

  • Можете да трансферирате средства од една на друга сметка во рамки на Банката и без провизија
  • Можност за плаќање на долг по кредитна картичка
  • Можност за приказ на краток извештај за последните 10 трансакции направени со вашата картичка
  • Едноставно, користете ја вашата кредитна картичка како дебитна и вршете трансакции без провизија
  • Променете го вашиот пин  
  • Проверете ја состојбата на вашата сметка  во било кое време

АТМ локација и мапа

Уплата на готовина

Уплата на готовина - Cash In

На Cash In банкоматите на Халкбанк АД Скопје покрај подигнување на готовина, можете во било кое време да извршите депонирање на средства на Вашата трансакциска сметка, при што средствата веднаш ќе Ви бидат ставени на располагање.

Се што треба да направите е да ја внесете Вашата дебитна картичка и да одберете депонирање на готовина. При внесување на готовина нема ограничување на деноминацијата на банкнотите, односно банкоматот прифаќа банкноти 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари.

 Упатство
 Листа на банкомати 

Смарт Кеш

Смарт Кеш

Повлекување готовина од АТМ на Халкбанк АД Скопје без употреба на картичка.

Наменета за физички лица со активна трансакциска сметка и дебитна картичка.Овозможената услуга може да се користи преку електронското банкарство и мобилната апликација.

Услугата овозможува поголема флексибилност при користењето готовина од страна на корисниците на електронско банкарство на Банката, како и од страна на нивни најблиски или трети лица, за што одлучува клиентот.

Мобилниот телефон на корисникот на електронско банкарство се претвора во уред за подигнување готовина или, пак, уред за праќање готовина на други лица, кои притоа и не мора да бидат клиенти на Халкбанк.

Со избирање на полето СМАРТ КЕШ преку електронското банкарство или мобилната апликација го генерирате 10 цифрениот код кој  треба да се искористи на АТМ на Халкбанк во времетраење од 12 часа.

Повлекување готовина без картичка сега е лесно  во неколку чекори.

*Упатство Смарт Кеш

*Мини упатство Смарт Кеш

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња