Карактеристики

КАРАКТЕРИСТИКИ

КУПУВАЈ ВО ЛЕТ !!!

Visa PayWave Electron дебитна картичка наменета за физички лица која е поврзана со Вашата трансакциска сметкa. Visa PayWave Electron е меѓународна картичка наменета за безготовински трансакции, која поддржува интернет плаќање и можност за користење на Вашите расположливи средства 24/7.

Можност за брзо плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање на Visa PayWave 

Пин авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката (2.000,00 мкд) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.

Користењето на картичката е без провизија за плаќање во трговската мрежа и без провизија за подигање на готовина од банкоматите на Халкбанк А.Д. Скопје.

Visa PayWave Electron издадена од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседува највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќање (3D Secure - Verified by Visa – VbV).

За дебитната картичка Visa PayWave Electron може да аплицирате во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк или онлине преку нашата апликација. За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо може да ја пополните апликацијата за смс инфо или да ја доставите во најблиската филијала на Халкбанк А.Д Скопје или на емаил: help24@halkbank.mk

Предности

ПРЕДНОСТИ

КУПУВАЈ ВО ЛЕТ !!!

Со Visa PayWave Electron корисниците може да уживаат во купувањето.

  • Можност за бесконтактни трансакции на ПОС терминалот каде што е поставено логото за Visa PayWave бесконтактни трансакции 
  • Брзо извршување на трансакции
  • Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата 3D Secure - Verified by Visa – VbV.

За дебитната картичка Visa PayWave Electron може да аплицирате во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк или онлине преку нашата апликација.

Можност за online аплицирање преку Електронско банкарство или Мобилната апликација.

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо може да ја пополните апликацијата за смс инфо или да ја доставите во најблиската филијала на Халкбанк А.Д Скопје или на емаил: help24@halkbank.mk

Провизии

Провизии

Надомест за изработка на основна картичка 150 денари
Надомест за изработка на дополнителна картичка 150 денари
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка 150 денари
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка пред истек на рокот (уништена/изгубена) 300 денари
Надомест за итна изработка на картичка  800 денари
Надомест за неоснована рекламација  800 денари
Извештај од сметка на банкомат на Халк Банка Без надомест
Подигање на готовина на банкомат на Халк Банка Без надомест
Подигање на готовина на банкомати на други банки 3% мин. 200 денари
Подигање на готовина на шалтерите на Халк Банка Согласно генерална тарифа
Подигање на готовина на шалтерите на други банки  3% мин. 200 денари
Блокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24,емаил или писмено Без надомест
Деблокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24, емаил или писмено 200 денари
Сетирање на пин  Без надомест
Промена на пин на шалтер 150 денари
Активна камата на пречекорување, казнена камата за пречекорување над дозволено салдо на сметка, пасивна камата Согласно одлука за каматни стапки
Годишна членарина по картичка (основна/дополнителна) Првата година без надомест *Секоја наредна 100 денари



Прашања

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Како може да се аплицира за Visa PayWave Electron ?

Може да аплицирате во најблиската филијала на Халкбанк А.Д Скопје или да ја пополните онлине апликацијата.

Потребна документација за аплицирање за Visa PayWave Electron?

Пополнета апликација за дебитна картичка и копија од лична карта.

Колку долго трае процедурата за издавање на картичка?

Кога ќе се одобри барањето процедурата одзема 2 работни дена за картичката да биде доставена до филијалата од каде корисникот се одлучил да ја подигне картичката и за истото ќе биде известен преку СМС порака.

Како да направам бесконтактна трансакција?

Visa PayWave Electron е дебитна картичка која Ви овозможува да извршите бесконтактна трансакција со само доближување на картичката до ПОС терминалот кој има можност за извршување на бесконтактни трансакции.

ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката ( 2.000,00 мкд ) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички. Над износот од 2.000,00 мкд или над лимитот поставен на терминалот за успешно извршување на трансакцијата клиентот потребно е да го внесе ПИН кодот кој го сетирал на платежната картичка.

Важност на картичката ?

Валидноста на картичката е 3 години со можност за реиздавање.

Аплицирај

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња