Политика за приватност
ХАЛК БАНКА А.Д. Скопје во своето работење се води од принципите за грижа за своите клиенти и понуда на висококвалитетни услуги, предложувајќи им ги на клиентите најдобрите решенија за нивните потреби. За ХАЛК БАНКА А.Д. Скопје грижата за клиентите и почитувањето на нивната приватност, како и заштитата на нивните лични податоци кога истите се обработуваат, се врвен приоритет. Оваа политика за приватност објаснува кои се информациите кои за Вас ги собираме, како и за обработката на личните податоци која ја вршиме кога ја посетувате нашата веб-страница и/или кога користите некоја од нашите услуги. Ние во ХАЛК БАНКА А.Д. Скопје ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за да ја оствариме нашата дејност согласно закон, а притоа да Ви ги обезбедиме најдобрите искуства, производи и услуги.
Кој е контролор на збирките на лични податоци и како можете да не контактирате?
Контролор на личните податоци е ХАЛК БАНКА А.Д. Скопје, со седиште на Бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54 1000 Скопје, Република Северна Македонија (во натамошниот текст: ХАЛКБАНК).
Можете да не контактирате на:
e-mail: halkbank@halkbank.mk
Веб страна: www.halkbank.mk
Телефон: + 389 (0)2 3240 800;
Контакт Центар 24 –Телефон: +389 (0)2 3296 330; и
можете да не следите и контактирате и на:
http://www.facebook.com/HalkbankADSkopje
ХАЛКБАНК во своето работење е целосно посветена на заштитата на Вашите лични податоци кои ги обработува, како и на целосно и транспрентно почитување и заштита на приватноста на физичките лица – субјекти на личните податоци.
Личните податоци ХАЛКБАНК ги обработува во целост во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци, како и во согласност со останатите закони кои ХАЛКБАНК ги применува во своето работење, при што во секој случај се почитуваат и применуваат сите начела поврзани со обработката на лични податоци кои се утврдени во Законот за заштита на личните податоци.
Чии податоци собираме?
Ние собираме податоци поврзани со следниве категории на субјекти на личните податоци (физички лица):
- Посетители на нашата веб-страница halkbank.mk
Вообичаено собираме податоци за навигација (поопширно видете подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страница како и за одржување на информациската сигурност на нашата веб-страница. Повеќе за употребата на колачињата (cookies) можете да прочитате во нашата политика за користење на колачиња на следниот линк.
- Физички лица – корисници на услугите и производите на ХАЛКБАНК
Физичките лица кои аплицираат (вклучувајќи и on-line) за одредена услуга и/или производ на ХАЛКБАНК како што се аплицирањето за депозити, кредити, картички, платен промет.
Овие барања содржат информации за идентитетот на подносителот на барањето и лични податоци на други лица вклучени во барањето кои се потребни за негово процесирање.
Категории на податоци кои се обработуваат
Податоци за навигација
При посетата на нашата веб-страница за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
Вашата интернет протокол (IP) адреса;
Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
Вашиот оперативен систем;
Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
Страните кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето кое го минувате на секоја страна;
URL на страницата која Ве префрлила на нашата веб-страница и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете веб-страницата на ХАЛКБАНК;
Јазикот на пребарувачот кој го користите;
Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат, освен доколку околностите налагаат нивно задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страница, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели согласно закон, како би ни овозможиле да ја реализираме нашата дејност во врска со било која услуга и/или производ кои ги нуди ХАЛКБАНК.
Може да собираме некоја од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса на живеење, контакт телефон и електронска пошта (e-mail).
Како ги собираме личните податоци?
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб-страница, нашите паметни (смарт) апликации, вклучувајќи ги и формите за on-line аплицирање;
- преку нашата електронска пошта (e-mail): halkbank@halkbank.mk
- преку пошта,
- непосредно во филијалите на ХАЛКБАНК.
Категории на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку веб-страницата на ХАЛКБАНК АД Скопје се извршуваат од страна на вработени кои се одговорни и овластени за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Ние во ХАЛКБАНК не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб-страница, на трети лица, освен во следните случаи:
- во случај на ангажирање на даватели на услуги ако ХАЛКБАНК ги ангажира како обработувачи во согласност со Законот за заштита на личните податоци со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата добиени од страна на ХАЛКБАНК АД Скопје и да обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги;
- По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само во случај ако постои законски основ за тоа.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме за Вас се чуваат и употребуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Вашите лични податоци ги чуваме само онолку колку што ни е потребно. Колку долго ни се потребни Вашите лични податоци зависи од тоа за што ги користиме, како што е наведено во оваа политика за приватност. На пример, можеби ќе треба да го користиме за да одговориме на Вашите прашања за производ или услуга и како резултат на тоа може да ги чуваме личните податоци додека сè уште ги користите нашите производи или услуги. Ако повеќе не ни требаат Вашите податоци, ние веднаш ќе ги избришеме или ќе ги направиме анонимни со отстранување на сите детали што Ве идентификуваат. Доколку сме побарале Ваша согласност за обработка на Вашите лични податоци и немаме друг законски основ да продолжиме со таа обработка, а Вие ја повлечете Вашата согласност, ние ќе ги избришеме Вашите лични податоци освен во случај кога со закон се утврдени подолги рокови за нивно чување и обработка.
Списокот (прегледот) со рокови на чување на личните податоци е составен дел на документацијата за заштита на личните податоци на ХАЛКБАНК.
Како да знаете дека сте на веб-страницата на ХАЛКБАНК АД Скопје? (pharming prevention)
„Pharming“- комбинација на зборовите „phishing“ и „farming“, претставува on-line измама каде што се манипулира со сообраќајот на веб-страницата со цел да се украдат доверливи информации, вклучувајќи и лични податоци. Во суштина станува збор за незаконско производство на лажна веб-страница и потоа пренасочување на корисниците кон неа. Грижејќи се за Вашата приватност, ние во ХАЛКБАНК применуваме технички мерки за превенција и за овој вид на закани. Нашата веб-страница го користи доменот halkbank.mk кој е регистриран во Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет). Оттука, кога се најавувате или ја пребарувате нашата веб-страница и особено ако оставате Ваши лични податоци, проверете дали во пребарувачот стои доменот halkbank.mk
Како ги употребуваме (обработуваме) Вашите лични податоци?
Ние ги обработуваме Вашите лични податоци собрани преку нашата веб-страница, паметни апликации и останатите канали на комуникација само во случај кога имаме валидна причина и правен основ за тоа. Правните основи ги утврдуваме врз основа на целите заради кои ги собираме Вашите лични податоци. Притоа, законитоста на обработката на Вашите лични податоци може да биде една од следниве:
Согласност: Може да ги користиме Вашите лични податоци затоа што од Вас сме побарале Ваша согласност, која можете да ја повлечете во секое време. Примерите каде бараме ваша согласност вклучуваат: да ви испраќаме маркетинг пораки кога ќе побараме дозвола (согласност) од Вас. Вие можете да ја повлечете Вашата согласност за примање на овие е-пораки во секое време со кликнување на линкот „отпишете“ (unsubscribe) на дното на е-поштата или преку Вашите поставки за е-пошта.
За исполнување на договор со Вас (или со цел да се преземат чекори пред да склучиме договор со Вас): Во овој случај ги користиме Вашите лични податоци доколку ни требаат заради исполнување на договор со Вас.
Заради исполнување на законска обврска за ХАЛКБАНК. Во одредени случаи ние како контролор имаме законска обврска ди ги обработуваме Вашите лични податоци, како што е на пример во случај кога ХАЛКБАНК воспоставува деловен однос со Вас како наш клиент согласно закон.
Заради наши легитимни интереси. Во одредени случаи врз основа на направена анализа, ние можеме да ги обработуваме Вашите лични податоци онаму каде што е неопходно и за нашите легитимни интереси на начин кој нема да влијае на Вашите права и слободи. На пример, наш легитимен интерес е да ги разбереме потребите на посетителите на нашата Веб-страница, да ги промовираме нашите услуги и производи и ефикасно да управуваме со нашата веб-страница и смарт апликациите за создавање, објавување и дистрибуција на on-line содржини. Пример кога се потпираме на нашите легитимни интереси за користење на Вашите лични податоци вклучуваат: кога анализираме која содржина е прегледана на нашата веб-страница и апликации, за да можеме да разбереме како се користат и да ја подобриме нивната содржина или кога анализараме што сте гледале на нашата веб-страница и апликации и за кои производи и услуги сте биле заинтересирани, како би направиле анализа и подобрување на нашите производи и услуги.
Безбедност на Вашите лични податоци
ХАЛКБАНК применува соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди безбедност на Вашите лични податоци од нивна неовластена обработка или од случајно губење, оштетување или уништување. ХАЛКБАНК укажува на потребата за избор на безбедна лозинка кога ќе побараме од Вас да поставите лозинка за пристап до делови од нашата веб-страница или апликации. ХАЛКБАНК препорачува да ја чувате оваа лозинка доверлива и да изберете лозинка што нема да ја користите на ниту една друга веб-страница. Не треба да ја споделувате Вашата лозинка со никој друг, вклучително и со некој што работи или се претставува дека работи во ХАЛКБАНК.
Пренос на лични податоци
Дел од личните податоци што ги собираме за Вас може да бидат пренесени во рамки на ХАЛКБАНК групацијата (Република Турција) пришто, ние ќе продолжиме да ги штитиме Вашите личните податоци што ги пренесуваме во согласност со оваа политика за приватност, документацијата на ХАЛКБАНК и Законот за заштита на личните податоци.
Секогаш кога ги пренесуваме Вашите лични податоци обезбедуваме нивна заштита преку доследно почитување и применување на соодветни заштитни мерки во согласност со прописите за заштита на личните податоци кои го уредуваат преносот на личните податоци.
Кои се Вашите права?
Согласно Законот за заштита на личните податоци Вие имате право:
До формуларот на Барањето може да се пристапи преку кликање на линкот за секое право соодветното.
Барањето за остварување на правата на субјектите на лични податоци за исправка на личните податоци, се пополнува и се доставува лично од субјектот на личните податоци на шалтерите во сите филијали на Халкбанк АД Скопје и преку системот на електронско банкарство.
Барањата што не се уредно пополнети или уредно потпишани нема да бидат предмет на разгледување.
Обезбедените информации, секоја комуникација и сите активности преземени врз основа на одредбите од Законот за заштита на личните податоци кои што се однесуваат на остварувањето на правата на субјектите на лични податоци, се овозможуваат без надоместок. Во случај кога барањата од субјектот на личните податоци се очигледно неосновани или прекумерни, особено во однос на нивниот повторувачки карактер, ХАЛКБАНК постапува на начин определен со Зaконот за заштита на личните податоци имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или комуникацијата или постапувањето по барањето.
Во случаите каде што ХАЛКБАНК има основано сомневање во врска со идентитетот на физичкото лице што го поднесува барањето за остварување на право согласно Законот за заштита на личните податоци, ХАЛКБАНК може да побара доставување на дополнителни информации потребни за утврдување на идентитетот на субјектот на личните податоци.
ХАЛКБАНК во однос на барањето за исправка има обврска да обезбеди остварување на ова право во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето. Во однос на останатите барања за остварување на правата на субјектите на лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци, ХАЛКБАНК е должна да достави информација за преземените активности до субјектот на личните податоци во период од еден месец од денот на приемот на барањето. Доколку е потребно овој рок може да биде продолжен за уште два месеци земајќи ги предвид сложеноста и бројот на барањата. ХАЛКБАНК го информира субјектот на личните податоци за секое продолжување во рок од еден месец од денот на приемот на барањето, заедно со причината за одложувањето. Ако ХАЛКБАНК не презема активности по барањето на субјектот на личните податоци, го информира субјектот на личните податоци без одложување и најдоцна во рок од еден месец од денот на приемот на барањето, за причините за непреземените активности и за можноста за поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, како и за можноста за користење на судска заштита согласно со закон.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на личните податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Мануела Станоевска Стоилковска на:
e-mail: privacy.officer@halkbank.mk
тел. (02) 3 285 440
Доколку субјектот на личните податоци не добие одговор на доставено барање за остварување на неговите права од Законот за заштита на личните податоци, има право да се обрати (да поднесе барање) до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Политиката за приватност се објавува на веб страницата на ХАЛКБАНК АД Скопје (Контролор) – www.halkbank.mk.
Промена на Политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и активности, согласно закон.