Пристап кон одржливост
Еден од најголемите предизвици за општеството е одржливоста, во сите нејзини форми. Одржливиот развој во денешно време е доминантна парадигма бидејќи неговата суштина е развој што ги задоволува потребите на сегашноста, без да ја компромитира можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби. Токму затоа, подразбира усогласување на заштитата на животната средина, социјалната еднаквост и економските барања. Истовремено значи и одговорно и проактивно донесување одлуки и иновации кои го минимизираат негативното влијание и ја одржуваат рамнотежата меѓу социјалниот, еколошкиот и економскиот раст за да се обезбеди посакуваната планета за денешните и идните генерации.
Како што се зголемуваат предизвиците, се зголемува чувството на брза реакција каде што владите и бизнисите треба да се вклучат и да помогнат во справувањето со нив. Додека светот продолжува да се бори со предизвикот на климатските промени, финансиската индустрија, особено банките, имаат витална улога во олеснувањето на транзицијата кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод.
Бидејќи само преку сеопфатен пристап можат да се да направат трансформации и трајни промени, при што секоја единка треба да даде свој придонес, Халкбанк има визија да придонесува економските, социјалните и еколошките влијанија да бидат во рамнотежа во сите области каде што создаваат вредности. Ние сме свесни за еколошките и социјалните одговорности што финансискиот сектор треба да ги преземе и затоа наша одговорност е да бидеме дел од транзицијата кон одржливо општество и економија.
Халкбанк се стреми да придонесе за еколошки здрав, социјално инклузивен и добро управуван свет. Тоа од една страна подразбира спроведување практики за дигитализација што ќе ја забрза транзицијата за намалување на емисиите, управување со отпад и банкарство без хартија, минимизирајќи го јаглеродниот отпечаток што произлегува од неговото работење. Од друга страна, создавање производи кои можат да одговорат на потребите за премин кон зелена економија. Тука, покрај инвестициите во капацитети за добивање обновливи извори на енергија, особено се важни и инвестициите во мерките за енергетска ефикасност бидејќи грижата за енергетската ефикасност започнува со секој од нас и може да донесе бројни придобивки за секое домаќинство, а уште поважно, за животната средина. Но, истовремено со нашата финансиска експертиза и понуди на производи, се стремиме да овозможиме пат кон поодржлив и климатски неутрален начин на водење бизнис. Односно, со нашите решенија за финансирање, ја олеснуваме трансформацијата на деловното работење и одржливоста на нашите клиенти.
Ние, исто така, се стремиме да создадеме заедничка свест за одржливост со давање директен придонес преку своите општествено одговорни практики во локалната заедница како дел од стратегијата за оддржливост. За Халкбанк, да се биде успешна компанија на долг рок значи да се градат и оддржуваат долгорочни партнерски односи со клиентите, но и да се обезбеди дополнителна вредност за секој од нив, како и за соработниците, акционерите, вработените и заедницата. Почитувајќи ги сите високи етички стандарди се стремиме да воведеме иновации и да обезбедиме одржлив раст на бизнисот, а истовремено да создаваме вредност за сите засегнати страни, да ја поткреваме свеста, да едуцираме, да сме поборници за позитивни промени.