Опис на производот

ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ

Троши и штеди со новиот производ на Халкбанк АД Скопје !

Е-Касичка е едноставен начин на заштеда со секојдневното користење на MasterCard Debit Contactless картичката на Халкбанк. Со секоја трансакција направена со овој тип на картичка на ПОС терминал и виртуелен ПОС терминал на било која банка, одреден износ зголемен над износот на ПОС трансакцијата ќе се трансферира на Ваша посебна штедната сметка ( наменета исклучиво за овој тип на штедење).

Како функционира?

Изберете начин на заштеда при потпишување на договорот :  

1. Заокружување на износ до најблискиот цел број (избор 10, 50, 100, 200, 500 денари) 

Пример како функционира - Заокружување на износ од најблискиот цел број (Пример со 100 Денари)

Купен производ/услуга Цена на производот Заокружување на износ до најблискиот цел број (100 Денари) Износ трансфериран на Вашата Депозитна сметка
59 денари 100 денари 41 денар
182 денари 200 денари 18 денари
327 денари 400 денари 73 денари
 
Вкупно трансфериран износ на Вашата Депозитна сметка 
132 ДЕНАРИ


2. Фиксен износ од секоја направена трансакција
 (избор 10, 20, 50, 100 денари)

Пример како фунционира - Фиксен износ (Пример со 50 денари)

Купен производ/услуга Цена на производот Фиксен износ од секоја направена трансакција (50 денари) Износ трансфериран на Вашата Депозитна сметка
59 денари 50 денари 50 денари 
182 денари 50 денари 50 денари 
327 денари 50 денари 50 денари 
 
Вкупно трансфериран износ на Вашата Депозитна сметка 
150 ДЕНАРИ 

 

  • Доколку веќе не сте корисник , аплицирајте за MasterCard Debit Contactless картичката на Халкбанк
  • Минимален влог на депозитот при негово отварање на денот на потпишување на договорот : 100 денари
  • Следете ги сите промени (уплати и исплати) на депозитот на нашето електронско банкарство или мобилно банкарство

Карактеристики

КАРАКТЕРИСТИКИ

  • Каматна стапка: 0,80%
  • Минимален износ за отварање на производот: 100 МКД
  • Начин на исплата на камата: на крај на период на орочување
  • Тип на каматна стапка: фиксна
  • Рок на орочување: 12 месеци
  • Метод на пресметка на камата: пропоционален метод (28-31/365-6)
  • Реорочување: при доспевање депозитот автоматски се реорочува односно согласно договорот
  • Делумно повлекување на средства: постои можност за делумни исплати од депозитот пред истекот на датумот на доспевање (до минималниот износ за отварање на производот), при што на повлечениот дел од депозитот се пресметува камата по видување т.е. 0%, додека на останатиот дел се пресметува камата по договор.
  • Дополнителни уплати: единствено со направена трансакција со Mastercard Debit на Халкбанк. Дополнителни уплати на шалтер, траен налог и електронско банкарство не се дозволени.
  • Предвремено раскинување: при предвремено раскинување на депозитот банката пресметува камата по видување според Одлуката за пасивни каматни стапки на Банката т.е. 0%.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња