Општи информации

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Халкбанк АД Скопје нуди наменски станбени кредити обезбедени со полиса за  животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје  и  полиса од незгода издадена од Халк Осигурување АД Скопје.

Кредитот можете да го користите за купување на стан, купување на куќа, како и рефинансирање на вашите изложености во други банки по основ на станбен кредит. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

ПРЕДНОСТИ

Станбен кредит во денари, обезбеден со животно осигурување кој го нуди Халкбанк АД е со временски рок на отплата до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Станбениот кредит со девизна клаузула во ЕУР кој го нуди Халкбанк АД е со временски рок на отплата до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Доколку купувате недвижност во тек на градба Банката соработува со следните градежни компании (.pdf документ).

 

Услови за кредит во ЕУР

Калкулатор

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња