Карактеристики

Со користење на Mastercard Standard кредитните картички, Вие ќе бидете  дел од уникатната бонус програма  што Ви озвозможува прибирање  на бонус поени и нивно користење во секојдневното пазарување. Со плаќањата на рати  вашите желби стануваат реалност.

Mastercard Standard кредитните картички даваат можност за користење на расположливите средства од вашиот револвинг кредитен лимит и пристап до истите 24/7.

Наменета е за безготовински плаќања на трговската мрежа и подигање на готовина од банка или банкомат. Картичката е меѓународна, поддржува интернет плаќања без провизија за транакции на домашни и странски интернет страни и за истите добивате е-маил известување за секоја направена трансакција.

Картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Можете веднаш да аплицирате за кредитна картичка во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје преку следнава Апликација.

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и испратете ја апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје или  доставете ни ја на емаил :  help24@halkbank.mk

За сите заинтересирани, можете веднаш да аплицирате преку достава на Апликација во најблиската филијала/експозитура или преку online апликацијата.

Предности

  • Плаќање  на минимален долг од 5 %.
  • Плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на Банката.
  • Собирање и користење на бонус поени (0,5% од сите трансакции направени преку кредитна картичка на пос терминал на Халкбанк А.Д. Скопје) и користење на поените при плаќања на пос терминали на Халкбанк А.Д. Скопје.
  • Можности за купување со попуст кај одредени партнери на Халкбанк А.Д. Скопје.
  • Картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code)

 За сите заинтересирани, можете веднаш да аплицирате преку достава на Апликација во најблиската филијала/експозитура или преку online апликацијата.

Провизии

Каматна стапка 11,25%
Подигање на готовина преку банкомат на Халкбанк АД 2,50 % минимум 150 МКД 
Подигање на готовина преку шалтерите на Халкбанк АД 3,00 % минимум 200 МКД 
Подигање на готовина преку други банкомати 3,00 % минимум 200 МКД 
Годишна членарина за кредитна картичка Без надомест за првата година, 1.200 МКД за секоја следна
За годишен промет од минимум 90.000 МКД Без членарина
За годишен промет од минимум 60.000 МКД 600 МКД членарина
За годишен промет од минимум 30.000 МКД 800 МКД членарина
Годишна членарина за дополнителна кредитна картичка Без надомест за првата година, 600 МКД за секоја следна
Надомест за изработка на основна картичка 100 МКД 
Надомест за итно издавање на кредитна картичка 600 МКД 
надомест за издавање на фактура за кредитна картичка Без надомест
Блокирање на картичка по барање на клиент преку Help24,
е-пошта или писмено
200 МКД
Надомест за деблокирање на картичка 100 МКД 
Надомест за неоснована рекламација 600 МКД 
Надомест за опомена 100 МКД 
Реиздавање пред истек на рокот (уништена/изгубена
картичка)
300 МКД
Редовно реиздавање 100 МКД
Промена на кредитен лимит 300 МКД
Промена на ПИН на шалтер 50 МКД

Најчесто поставувани прашања

Како можете да аплицирате за кредитна картичка?

Потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје  каде ќе мора да се процени вашата кредитоспособност и ќе можете да ја подигнете потребната документација за аплицирање или пре онлине апликацијата.

Потребна документација?

  • Апликација за кредитна картичка пополнета од корисникот и од работодавачот
  • Извод од сметка за последни три месеци
  • Копија од лична карта
  • Траен налог
  • За приватни институции дополнително потребно е: М1/М2 образец заверен од работодавачот

Како можете да плаќате долг по кредитна картичка (автоматски) ?

Доколку сте примател на плата преку Халкбанк АД можете да потпишете траен налог со кој автоматски секој месец ќе ви се одземаат средства од вашата сметка за подмирување на долгот по кредитната картичка со што заштедувате време.

Кoлку долго трае процедурата за издавање на нова картичка?

Кога ќе се одобри барањето процедурата одзема  2 работни дена  за картичката да биде доставена  до филијалата за која корисникот се одлучил да ја подигне  и за истото ќе биде известен преку СМС.

Како може да добијам фактура за кредитната картичка преку e-mail?

Потребно е само да ги известите колегите во филијалата/експозитурата за е-mail адресата на која сакате да добивате фактури за да се ажурира податокот и да се достави фактура секој месец на наведената адреса.

Важност на картичката ?

Валидноста на картичката е 3 години со можност за реиздавање. 

Аплицирај

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ

Штеди
За твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.