За националната економија

Банкарскиот сектор е клучна алка во економијата на секоја земја, обезбедувајќи стабилност, раст и поддршка за сите економски учесници. Кредитната активност на банката игра витална улога во поттикнувањето на инвестициите и потрошувачката како значајни двигатели на економскиот развој.

Халкбанк се истакнува како пример на финансиска стабилност и поддршка на домашната економија. Со насочени кредитни активности кон населението и корпоративниот сектор, банката придонесува за растот и развојот на сите сегменти на општеството. Инвестициите во развој на иновативни производи и услуги, прилагодени на потребите на клиентите, се клучен елемент во стратегијата на Халкбанк. Притоа, посебно внимание се посветува на поддршката на малите и средни претпријатија, кои претставуваат значаен двигател на економскиот напредок.

Банката ја продолжува успешната приказна со значителен раст и подобрени финансиски перформанси. Во 2024 година, активата на банката достигна 1,85 милијарди евра. Растот на профитот изнесува 48%, што ги отсликува напорите за одржување на силна профитабилност и одржлив раст.

Кредитното портфолио бележи зголемување од 152 милиони евра, додека депозитната база достигна речиси 1,5 милијарди евра, со зголемување од 211 милиони евра. Овие резултати ја потврдуваат позицијата на Халкбанк како стабилен и доверлив финансиски партнер.

Особено сме горди на рекордниот број исплатени кредити за населението, со вкупен износ од 189 милиони евра, како и на значајната поддршка за проектно финансирање во корпоративниот сектор.

Овие успеси се доказ за посветеноста на Халкбанк кон поддршката на економскиот развој и зацврстувањето на довербата кај клиентите.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња