Создаваме еколошка средина, денес и за иднината

Животната средина нè спојува сите нас. Сите ние го дишеме истиот воздух, растеме и живееме под истото сонце, имаме еден заеднички дом – планетата Земја. Тоа е нашето наследство и нашата иднина, затоа сите заедно треба да ги заштитиме. Со ова мото и со идеја да предизвикаме позитивен бран од промени, се впуштивме во една од најблагородните мисии, градење на еколошка свест и создавање на еколошки чиста животна средина.  За унапредување на животната средина започнавме и континуирано спроведуваме повеќе проекти коишто се однесуваат на зголемување на зелените површини, намалување на емисијата на штетни гасови, рециклирање и зголемување на јавната еко свест за потребата од активно вклучување во заштита на животната средина.

Во изминатиов период, банката се посвети на унапредувањето на животната средина преку бројни активности кои влијаат врз неа. Една од најобемните активности кои се одвива во континуитет и заради покажаните резултати станува се пошироко прифатена и попопуларна е платформата HalkEco. Преку оваа платформа се поттикнуваат граѓаните на што поголема физичка активност, вежбање, трчање, одење и замена на автомобилите со велосипеди со цел да се намали емисијата на штетни гасови во  воздухот, а за нивната активност банката засадува дрвја и ги зголемува зелените површини во урбаните и руралните средини. Досега засадени се дрвја и раззеленети се површините во повеќе градови низ земјата, а целиме кон тоа да придонесеме со нови садници и зеленила низ целата држава.

Граноците за делување во екологијата ги тргаме од самата територија на наше делување. Во овој смисол, станавме првата банка од поширокиот регион која се вклучи во глобалната иницијатива на нашиот партнер МастерКард за заштита на планетата земја.

Во насоката на зајакнување на јавната свест за потребата од еколошки промени и воедно како дополнителен поттик за сите оние што практикуваат здрав животен стил и со тоа ја заштитуваат средина, ја организираме и велосипедска трка HALK VELO GREEN на падините на Маврово и ова како дел од HalkEco платформата, која премина во традиција. Како дел од HalkEco иницијативата, Халкбанк АД Скопје во неколку населби, на најфреквентните места во главниот град поставува еко автобуски постојки.

Затоа што веруваме дека промената започнува од нас самите, идејата и акцијата за создавање еколошки чиста средина прво се прошири низ нашите простории преку создавање зелени градини, со што вредностите за еколошка одржливост ги пренесуваме и на нашите вработени.

Нашата еколошка свесност е активна на повеќе полиња, а отпадот како еден од суштинските проблеми и загадувач на животната средина и амбиенталниот воздух, е исто така во фокусот на нашиот интерес. Затоа во рамки на нашето работење имплементираме и практикуваме паметно селектирање и рециклирање на отпадот , со што правиме уште еден чекор кон заштитита на средината, а воедно му даваме нова корисна вредност на самиот отпад.

Досегашната заложба во мисијата за заштита на животната средина и подигнување на еколошките стандарди во земјата и во секојдневното однесување на граѓаните, покажа извонредни резултати, како намалена емисија на штетни гасови изразено во бројки и засадени садници исто така изразено во бројки. Со овие придобивки и со поддршката од граѓаните, банката останува посветена на својата мисија и создава еколошки чиста и здрава животна средина и за идните генерации.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња