Прашања
Кој може да аплиција за Halk EZ ?
Halk EZ -Пакет за млади е наменет за млади на возраст од 16 до 24 години
Како може да се аплицира за Halk EZ ?
За Halk EZ пакет за млади може да се аплицира во најблиската филијала/ експозитура или онлине преку веб страна на банката.
Која документација е потребно за да се аплицира ?
- Физички лица на возраст од 18 до 24 години потребно е да достават пополнето барање за пакет на млади и документи за идентификација (лична карта/пасош)
- За одобрување на пакетот за млади на физички лица на возраст од 16 до 18 години, при аплицирање на пакетот потребно е истите да бидат застапувани од законски застапници/старатели лично во филијалите на Банката. Законските застапници потребно е со себе да имаат документи за идентификација (лична карта/пасош), извод од матична книга на родени на детето и да потпишат изјава во врска со пакетот за млади. Малолетното лице кое аплицира за пакетот потребно е да има со себе лична карта или пасош.
Колку време ги користат поволностите клиентите со Halk EZ ?
Halk EZ -Пакет за млади е наменет за млади на возраст од 16 до 24 години
Клиентите со навршување на 25 години ќе бидат префрлени во генерална група и услугите кои досега ги користеле во рамки на пакетот за млади ќе им бидат наплатени согласно Генералната тарифа на Банката која е објавена на веб страната на Банката.
Колкава е важноста на Visa PayWave дебитната платежна картичка?
Валидноста на картичката е 5 години со можност за реиздавање.
Дали може да ми биде наплатена провизија за повлекување готовина од АТМ во странство?
За овие трансакции Халкбанк А.Д Скопје не ги задолжува со провизија своите клиенти.
Има случаеви каде банката опслужувач на АТМ-от наплаќа провизија за користење на нивниот уред. При повлекување готовина на АТМ во странство на самиот екран ќе Ви биде прикажана порака со износот дека ќе бидете задолжени доколку ја процесирате трансакцијата.