SmartSend

SmartSend- Ѕвони ми на сметка!

SmartSend услугата ви овозможува лесно да префрлите средства со еден клик на контакт од вашиот телефонски именик кој има активна сметка во Халкбанк и успешно активирана услуга Smart Send.

Наменета за физички лица со активна трансакциска сметка и корисници на електронско и мобилно банкарство.

Овозможената услуга може да се користи преку мобилната апликација на Халкбанк АД Скопје и преку веб верзијата за електронско банкарствo.

  1. 1.Со избирање на полето SmartSend преку електронското банкарство или мобилната апликација ја активирате услугата со потврда на вашата трансакциска сметка и мобилен број.
  2. 2.За да извршите трансакција преку услугата SmartSend потребно е да го внесете износот што сакате да го префрлите и да  изберете контакт од телефонскиот именик и да ја потврдите трансакцијата.

*Контактот од вашиот именик потребно е да има активна сметка во Халкбанк и активирана услуга SmartSend со мобилниот број кој му е поврзан со електронското банкарство  за успешна да биде трансакцијата за плаќање и примање на средства.


Карактеристики

Ваша мала филијала

За полесен и побрз пристап до услугите на ХАЛКБАНК А.Д СКОПЈЕ за физички лица изработена е мобилна апликација која е бесплатно достапна за нашите клиенти . Со оглед на сеприсутноста на мобилните уреди (телефони,таблети) во секојдневниот живот, ваквата апликација Ви овозможува во било кое време и место да имате увид во своите сметки и да вршите трансакции на брз и едноставен начин.

Најавувањето на апликацијата се врши со корисничко име и лозинка кои се користат за најава на е-банкинг сервисот.

Доколку не сте корисник на електронско банкарство на Халкбанк, можете да аплицирате во најблиската филијала.

Видео упатство за мобилно банкарство


Предности

Апликацијата овозможува:

Mобилната апликација за електронско банкарство овозможува повеќе услуги:

  • увид во сметки
  • увид во платежни картички
  • увид во кредити -курсна листа
  • извршување на плаќање преку користење на ПП30 и ПП50 налози од своја трансакциска сметка
  • можност за креирање на сопствени шаблони за плаќање -менувачко работење
  • лоцирање на најблиски банкомати и филијали -промена на лозинка
  • 24/7 телефонски контакт со банката
  • Превземање на амортизационен план од кредитот во PDF форма
  • Инструкции за извршување на девизни плаќања
  • Статус на картичките - Активна/Блокирана

Превземи апликација

Апликацијата може да се користи на таблети и мобилни уреди со iOS и Android оперативен систем. Mожете бесплатно да ја преземете од App Store за IOS уреди или од Play Store за Андроид уреди.

    

Смарт Кеш

СМАРТ КЕШ

Повлекување готовина од АТМ на Халкбанк АД Скопје без употреба на картичка.

Наменета за физички лица со активна трансакциска сметка и дебитна картичка.Овозможената услуга може да се користи преку електронското банкарство и мобилната апликација.

Услугата овозможува поголема флексибилност при користењето готовина од страна на корисниците на електронско банкарство на Банката, како и од страна на нивни најблиски или трети лица, за што одлучува клиентот.

Мобилниот телефон на корисникот на електронско банкарство се претвора во уред за подигнување готовина или, пак, уред за праќање готовина на други лица, кои притоа и не мора да бидат клиенти на Халкбанк.

Со избирање на полето СМАРТ КЕШ преку електронското банкарство или мобилната апликација го генерирате 10 цифрениот код кој  треба да се искористи на АТМ на Халкбанк во времетраење од 12 часа.

Повлекување готовина без картичка сега е лесно  во неколку чекори.

*Упатство Смарт Кеш

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња