Карактеристики
Фактот дека Халкбанк АД Скопје ги разбира потребите на компаниите и ги прилагодува своите одлуки според поединечните бизнис потреби е потврдено и со самиот факт за довербата која ја ужива меѓу компаниите во Република Македонија. Ние секогаш сме подготвени да ги прилагодиме нашите услуги и производи кон секоја компанија поединечно, согласно вашите карактеристики, во насока на максимално искористување на вашите капацитети и потенцијал за работа и развој.
Ние нудиме финансиска поддршка и совет насочен кон развојот на компаниите со долгорочно финансирање во инвестициски проекти и тоа:• набавка на машини и опрема, возила и проширување на капацитетите;
- реконструкција на постоечкиoт бизнис капацитет;
- купување или изградба на деловен простор;
- рефинансирање на вашите инвестиции од сопствени ресурси, .. итн
Износот на кредитот, рокот на отплата и динамика, можноста за грејс период се дефинирани во согласност со планираните извори за финансирање, соодветниот тек на готовина (cash-flow) и деловниот план за инвестиции што клиентот ќе го приложи во Банката.
- Халкбанк АД Скопје при финансирање на правни лица, освен сопствени средства на Банката на своите клиенти им нуди и кредити од кредитните линиии. Подетални информации за условите можете да добиете на Кредитни линии.
Обезбедување: Комбинација од следните инструменти: меница во форма на нотарски акт; физички лица гаранти; хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети и права, други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.