Карактеристики

Настојувајќи да се обезбеди Висок квалитет на сервисот Е-банкарство и да се биде чекор со модерните трендови, Халкбанк АД Скопје нуди бројни поволности во тој дел.

На едноставен и брз начин може да добиете информации за било кој производ кој го користите во Халкбанк АД Скопје.

Вашето Е-банкарство дозволува вршење трансакции во било кое време и од било каде.

Предности

  • Можност за проверка на состојбите на Вашите сметки, дебитни и кредитни картички, депозити, кредити
  • Изводи од Вашите сметки
  • Дневни трансакции
  • Реализирани трансакции за одреден период
  • Сите типови на плаќање – денарски, девизен како и креирање на шаблони
  • Сите останати трансакции кои би ги направиле во Филијала

Преку електронското банкарство може потполно да менаџирате со Вашите сметки

 

Често поставувани прашања

Како може да аплицирам за е-банкарство?

Потребно е да ја посетите најблиската филијала на Халкбанк и да аплицирате за електронско банкарство за физички лица, преку пополнување на формулар.

Формуларот е достапен и на веб страната на Халкбанк АД Скопје, на следниот линк

https://ibanking.halkbank.mk/Retail/iBanking/Manual/Baranje_za%20elektronsko_fizicki_MK.pdf      

од каде можете да го превземете и пополните, а потоа да го доставите лично во најблиската филијала. По аплицирањето во филијала и потпишување на договор, на Вашата регистрирана е-мејл адреса ќе пристигне личен идентификациски број (ЛИБ)  кој заедно со уште еден податок (број на трансакциска сметка или псевдо број на дебитна или кредитна картичка) можете да го искористите за генерирање на корисничко име и лозинка.

Подетално упатство се наоѓа на следниов линк

https://ibanking.halkbank.mk/Retail/iBanking/Manual/Korisnicko_upatstvo_naselenie.pdf

Колку изнесува годишниот надоместок за користење на електронско банкарство за физички лица?

Годишниот намоместок за користење на електронско банкарство за физички лица е 200 денари и се наплаќа автоматски од Вашата трансакциска сметка.

Каква документација е потребна?

  • Барање за користење на електронско банкарство за физички лица.
  • Договор за користење на  електронско банкарство за физички лица.

Дали е потребен токен?

Не.За користење на сервисот  електронско банкарство за физички лица не е потребен токен. За увид во состојбата на Вашите сметки, трансакции, изводи итн., доволни се корисничко име и лозинка. При вршење на трансакции, на Вашиот регистриран мобилен телефон ќе биде испратен авторизациски код во форма на SMS порака, кој ќе треба да го внесете како авторизација при плаќањето.

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ

Штеди
За твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.