УСЛОВИ ЗА КРЕДИТ
- Износ:до 18.450.000 МКД
- Максимален рок:до 240 месеци
- Каматна стапка со плата/пензија во Халкбанк:
- Провизија за обработка на кредитот: 0,5% од износот на кредитот, еднократно однапред.
- Трошоци за кредитот:
- 450 МКД (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања),
- 150 мкд апликација за кредит меничен бланкет, нотарски трошоци по нотарска тарифа како и трошоци за проценка согласно тарифникот на банката.
- Трошок за полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје (висината на трошокот за полисата е во зависност од тарифата на Триглав Осигурување- живот АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот) o Задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување АД Скопје
- 1000 мкд годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот
- Меничен бланкет
- Надомест за предвремена отплата на кредит:
За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката. Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.
- Кредитна способност:до 1/2 од вкупните месечни примања со можност на кокредитобарател во зависност од вкупните месечни примања
Обезбедување: Хипотека на недвижен имот во вредност до 1:1,35 од износот на кредитот, меница и менична изјава, со можност на кокредитобарател.
* 8,11% СВТ за износ на кредит од 3.075.000 мкд, 6,25% фиксна каматна стапка за првите 2 години,варијабилна од 4 пп + референтната стапка за пресметување на законската каматна стапка која во моментов изнесува 4,75% (8,25% номинална годишна) за остаток од периодот, рок на отплата 95 месеци, трошок за апликација од 150 МКД, трошок за проверка во МКБ 450 МКД и трошок за полиса од незгода 1.000 МКД..
** Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, висината на договорната каматна стапка и износот на полисата.