Услови за кредит
Кредитот е наменет за кредитирање на приватни микро и мали претпријатија (ММП) и претприемачи кои се регистрирани на територијата на Република Македонија.
Предмет на кредитирање:
- Обртни средства (набавка на суровини, трговска стока или други материјали);
- Основни средства (опрема, машини, инсталации, конструкции,реновирање и модернизација на работни објекти и производствени погони и други инвестиции).
Износ на кредитот: до 50.000 ЕУР.
Каматна стапка:
- 6,5% на годишно фиксна за краткорочни кредити oд 0,00 до 25.000 ЕУР;
- 6,5% + 6 м ЕУРИБОР за долгорочни кредити oд 0,00 до 25.000 ЕУР;
- 5,5% на годишно фиксна, за краткорочни кредити од 25.001 ЕУР до 50.000 ЕУР.
- 5,5% + 6 м ЕУРИБОР за долгорочни кредити од 25.001 ЕУР до 50.000 ЕУР.
Доколку шестмесечен ЕУРИБОР е негативен се смета за нула.
Рок на отплата:
- до 36 месеци, за обртни средства;
- за основни средства, не подолго од 30.11.2024 година.
Грејс период:
- до 6 месеци, за обртни средства;
- до 12 месеци, за основни средства.
Начин на отплата:
- Месечни ануитети и револвинг за краткорочни кредити;
- Месечни ануитети за долгорочни кредити;
Надомест за обработка:
- 0,50% за обртни средства (кредити до 12 месеци рок на отплата);
- 1% за основни средства (кредити над 12 месеци рок на отплата).
Обезбедување: Комбинација од следните инструменти: Хипотека на недвижен имот, Залог на подвижни предмети и права, Жиранти, Фирми гаранти и други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.
За дополнителни информации контактирајте не или посетете ја Вашата најблиска филијала/експозитура.