Важни се вработените

Важни се вработените и важно е нивното задоволство. Суштината и најголемата вредност на Халкбанк се нашите вработени. Со нивниот придонес кон развојот на банката, стануваат дел од самиот раст и ја делат истата визија за создавање на најдобрата и најуспешната банка. Во долгорочната стратегија на банката тие се еден од најсилните столбови. Токму затоа наш приоритет останува континуирано да го зголемуваме нивното задоволство на повеќе начини и преку создавање разни можности.

Според податоците од декември 2023 година, со последниот ден од месецот, Банката брои 773 вработени со различна квалификациона и образовна структура соодветно потребите.

Како дел од развојната стратегија на банката спроведуваме бројни активности со кои се стимулира личниот професионален развој на вработените. Создаваме тематски и таргетирани обуки, креирани врз основа на обемното искуство што го поседуваме како дел од Групата Халкбанк и know-how експертизата.

Секој нововработен уште на самиот почеток е вклучен во воведна обука преку која се зголемува компетентноста, знаењето и професионалноста во однос на активностите на банката и фокусот на работата.

Во насока на усовршување на стекнатите работни квалификации и вештини, вработените од банката учествуваат и на надворешни обуки, конференции, работилници, советувања и семинари со реномирани предавачи и едукатори.

Преку тренинзите, обуките и семинарите, дали внатрешни или надворешни, го стимулираме и поттикнуваме професионалниот развој на вработените, но исто така добиваат и можност за откривање на своите дополнителни таленти и афинитети во рамките на банкарската професија. На тој начин нивните знаења и професионален успех ги носиме на следното ниво и заедно отвораме нови перспективи за раст и развој на банката.

Вредностите кои вработениот ги стекнува со неговото вклучување во брендот на Халкбанк, постојано се обидуваме да ги зголемиме и прошириме. Покрај финансиски, така и со пакети за приватно здравствено осигурување, спорт, систем на наградувања и слично.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња