Најчесто поставувани прашања
КАКО МОЖЕТЕ ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА КРЕДИТНА КАРТИЧКА?
Потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје каде ќе мора да се направи анализа на вашата кредитоспособност. Во филијалата ќе може да ја подигнете потребната документација за аплицирање или истото може да го направите преку онлине апликацијата.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА?
- Апликација за кредитна картичка пополнета од корисникот и од работодавачот
- Извод од трансакциска сметка од последните 3 месеци како потврда за месечни приходи/приливи
- Копија од важечка лична карта
КАКО МОЖЕТЕ ДА ПЛАЌАТЕ ДОЛГ ПО КРЕДИТНА КАРТИЧКА (АВТОМАТСКИ)?
Може да потпишете траен налог со кој автоматски секој месец ќе ви се одземаат средства од Вашата сметка за подмирување на долгот по кредитната картичка со што заштедувате време.
КOЛКУ ДОЛГО ТРАЕ ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА НОВА КАРТИЧКА?
Откако ќе се одобри барањето, процедурата за изработка и достава на картичката до соодветната филијала одзема 2 работни дена и за истото ќе добиете известување преку СМС порака.
КАКО МОЖЕ ДА ДОБИЈАМ ФАКТУРА ЗА КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА ПРЕКУ E-MAIL?
Потребно е во некоја од нашите филијали/ експозитури да ја пријавите Вашата е маил адреса на која би сакале да ги добивате месечните извештаи, по што податоците се ажурираат и фактурите ќе Ви бидат доставувани на месечно ниво.
ВАЖНОСТ НА КАРТИЧКАТА?
Валидноста на картичката е 3 години. При редовно користење картичка автоматски се реиздава.
КАКО МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТАТ БОНУС ПОЕНИТЕ!
Собраните поени искористете ги при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк. 1 бонус поен е еднаков на 1 денар. Бонус програмата важи само за кредитни картички од брендот Mastercard и Visa за физички лица.
Искористи го својот бонус во 3 кратки чекори (.pdf формат)