УСЛОВИ
Потребни документи за отворање на детски депозит се:
- документ за идентификација (лична карта или пасош) за родител/законски застапник
- извод од матична книга на родените од детето.
Договорите за Детско Штедење се склучуваат со двајца родители/законски застапници каде што еден родител/законски застапник ќе го отвори депозитот и потпише Договорот за депозит, а другиот родител/законски застапник ќе потпише Изјава во која се согласува со условите и содржината на Договорот за Детско штедење.
При отворање на Договорот за Детски Депозит доколку е потпишан само од еден родител/законски застапник, родителот/законски застапник може да го отвори Договорот, без да има право да располага со Депозитот т.е. да врши дополнителни уплати и предвремено го раскинува Договорот, се додека вториот родител/законски застапник не ја потпише Изјавата. Во овој случај право на располагање на средствата ќе има детето со исполнување на условот за стекнување на полнолетство.
Во случај да има разведен/починат родител и законското право да е доделено на 1 родител/законски застапник, при склучување на Договорот за депозит задолжително е да се приложи соодветна документација со која се овозможува само еден родител/законски застапник самостојно да располага со Депозитот на детето.
Со потпишување на Договорот од страна на еден родител/законски застапник и изјавата од другиот родител/законски застапник е овозможено двајцата родители/законски застапници самостојно да располагаат со депозитот т.е. вршат уплати и предвремено раскинување на Договорот за депозит.
Располагањето со средствата на малолетно лице од депозитот е преку платежната сметка на малолетното лице на која законскиот застапник/ци имаат право на располагање со истата согласно договорот со кое се регулира работењето со платежната сметка.
За дополнителни информации обратете се во најблиската филијала/експозитура на банката или контактирајте не на e-mail адресата: deposits@halkbank.mk